Трифун Костовски за обвинението за Еуростандард: Обвинителката го затвори предметот „Мазут“ за неполна година, а за мене пет и пол години бараше начин да ме гони, јас немав интерес банката да пропадне
На Фејсбук во врска со обвинението за Еуростандард банка, се огласи бизнисменот Трифун Костовски.
Тој е еден од четворицата обвинети, а е обвинет како член на Надзорниот одбор и е четвртообвинет.
-Товарот што ми се става на грб е наводна несовесност во вршењето на функцијата претседател на Надзорниот одбор на банката. Притоа, како намерно да се заборава дека јас бев и еден од акционерите на банката, човек кој имаше личен, деловен и животен интерес банката да опстои, а не да пропадне.
Затоа прашувам, која логика би ме навела несовесно да управувам со институција во која сум вложил сопствен капитал, труд, углед и години од својот живот?, пишува тој меѓудруго.
Меѓудруго потенцира дека Надзорниот одбор имал пет члена.
-Дневниот ред се усвојуваше со мнозинство гласови. Секоја точка се разгледуваше и се изгласуваше како колективна одлука на Надзорниот одбор.
Тогаш, врз која логика од петмина членови се издвојува токму еден човек?
Како колективната одлука одеднаш се претвора во индивидуална вина?
Како институциите стигнаа до заклучок дека токму јас сум одговорен за наводно несовесното работење, кога одлуките не сум ги носел самостојно?
Или, можеби, целта никогаш не била да се утврди вистината, туку да се најде име кое ќе биде ставено на обвинителната клупа?, пишува тој.
Во постои и се обраќа и на обвинителката Катерина Коларевиќ, од Осбовното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, кое го води случајот.
-Вие го водите предметот поврзан со Еуростандард банка. Истовремено, во случајот познат во јавноста како „Мазут“, во кој се говореше за износ од околу 160 милиони евра, постапката беше затворена за неполна година, а осомничените беа ослободени од натамошно гонење.
Мојот случај, пак, го водите полни пет и пол години.
Пет и пол години пребарувате, испитувате, анализирате и се обидувате да пронајдете криминал и перење пари. Но не најдовте факти за сторен криминал. Не најдовте перење пари. И што направивте на крајот? Најдовте начин да ме гоните за наводна несовесност.
Кога фактите не се доволни за обвинение, системот, очигледно, бара друг изговор.
Затоа отворено Ве прашувам, кому му служите?
Дали постапувате исклучиво според законот и доказите или под притисок на центри на моќ кои сакаат моето име, мојот углед и мојот живот да бидат уништени?
Верував во Вас. Верував дека функцијата јавен обвинител подразбира независност, совест и храброст. Но, според она што го гледам, моќта на сивата еминенција е голема, а Вие безрезервно ѝ давате поддршка. Затоа сметам дека најчесно би било да си заминете од функцијата јавен обвинител. Само така би можеле од себе да ја тргнете дамката на сомнежот дека наместо на правдата, сте му служеле на нечии туѓи интереси.
Ми крадете од животот што не сте ми го дале, пишува тој меѓудруго.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Трифун Костовски за обвинението за Еуростандард: Обвинителката…
На Фејсбук во врска со обвинението за…
Скандал ја тресе Украина: Командант во бегство,…
Украинските власти отворија истрага против поранешниот командант…
Свети апостоли Петар и Павле – Петровден
Македонската православна црква и верниците денеска го…
Што е досега продадено од имотите за…
Поранешниот премиер и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски,…
Со слоганот „Преродба на Франција“ и со…
Лидерката на француската десничарска партија Национален собир,…