Се огласија од Baking Bread по пожарот: Невнимание при промена на масло го предизвикало огнот, никој не е повреден
Познатиот скопски угостителски локал Baking Bread се огласи по пожарот што синоќа избувна во нивниот објект на „Рекорд“, информирајќи дека причината за инцидентот било мало невнимание при рутинска промена на маслото во една од фритезите.
Од локалот соопштија дека благодарение на брзата реакција на вработените, како и на навремената интервенција на Противпожарната бригада, биле избегнати поголеми последици и никој не е повреден.
„Штетата е мала и очекуваме за неколку дена повторно да бидеме отворени“, наведуваат од Baking Bread.
Во објавата тие реагираат и на шпекулациите што се појавија на социјалните мрежи и по дел од порталите дека пожарот бил намерно предизвикан за наплата од осигурителна компанија.
„Сакаме јасно да кажеме дека Baking Bread нема да побара ниту еден денар од осигурителна компанија. Штетата е мала и ќе ја санираме сами“, порачуваат од локалот.
На крајот од објавата, од Baking Bread упатија благодарност до граѓаните за грижата, пораките и поддршката, како и до припадниците на Противпожарната бригада за професионалноста и брзата интервенција.
Пожарот избувна синоќа во локалот на улицата „Димитрие Чуповски“, во приземјето на станбена зграда во центарот на Скопје. Огнот беше локализиран и изгаснат со брза интервенција на противпожарните екипи, а полицијата го обезбедуваше местото на настанот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Се огласија од Baking Bread по пожарот:…
Познатиот скопски угостителски локал Baking Bread се…
ВМРО-ДПМНЕ: Македонија е признаена како лидер во…
Единствената коалиција која функционира е Левица, СДС…
ЦУК и МВР најдоа изгубен странски државјанин…
Во 21:55 часот, преку Единствениот повикувачки број…
Извлечени тројца планинари од планината Бистрица: Едниот…
Преку Единствениот повикувачки број за итни случаи…
Сенаторот Линдзи Греам, клучниот сојузник на Трамп,…
Линдзи Греам, долгогодишен американски сенатор и клучен…