Водно добива постојана планинска спасителска служба, објави Ѓорѓиевски
„Планинска спасителна служба ќе биде достапна на Водно и во Кањон Матка, со цел побрза интервенција при несреќи и укажување помош на посетителите“, соопшти градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски.
Тој информираше дека проектот се реализира во соработка со Црвениот крст на Град Скопје, а денеска на Водно бил презентиран тимот за подготвеност и дејствување при катастрофи, како и била изведена симулациска вежба за спасување повредено лице во планински услови.
Според Ѓорѓиевски, преку организирани дежурства ќе се обезбедуваат прва помош, спасување, евакуација и безбеден транспорт на повредени лица, а спасителите ќе поминуваат континуирани обуки и симулациски вежби за унапредување на нивната подготвеност.
Дополнително, на Водно и во Кањон Матка ќе бидат поставени пунктови каде посетителите ќе можат бесплатно да го измерат крвниот притисок, а ќе се реализираат и едукативни активности за безбедно движење во природа, превенција од пожари и заштита на животната средина.
Ѓорѓиевски посочи дека за реализација на проектот е обезбеден буџет кој е двојно поголем во споредба со минатата година, што, како што рече, ќе овозможи подобра опрема, поголема подготвеност и поквалитетна помош за граѓаните.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Санчез: Нема докази дека Мароко бил вмешан…
Шпанскиот премиер Педро Санчез денеска во Парлментот…
Албанија го забрани увозот на месо од…
Албанија официјално го забрани увозот на месо…
АХВ: Западнонилска треска потврдена кај три угинати…
Во периодот од 24 до 27 август…
Ѓорѓиевски: Од утре почнува пробивањето на трасата…
Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, во…
ЦУК: Македонски хеликоптер за првпат гасне пожар…
„По барање на Република Косово, Република Северна…