MВР со слика генерирана од вештачка интелигенција информираше за случајот со лицето загубено на Матка
Министерството за внатрешни работи на социјалната мрежа „Фејсбук“ објави фотографија која, според нејзините визуелни карактеристики, упатува на можноста дека е генерирана со вештачка интелигенција. Притоа, објавата не содржи никаква ознака дека е користена таква напредна технологија.
Фотографијата е објавена заедно со соопштение за пронајдениот странски државјанин од Романија. На неа се прикажани полициски службеници кои му помагаат на лицето, но можат да се забележат повеќе визуелни неправилности што се карактеристични за генерирани слики со вештачка интелигенција.
Меѓу нив се издвојуваат недоследности во изгледот на полициските униформи, како и рака поставена врз ранецот на спасеното лице која, според композицијата на фотографијата, не може да се поврзе со ниту еден од присутните полицајци.
Дополнително, според соопштението на Центарот за управување со кризи, лицето било пронајдено во 03:45 часот по полноќ. Сепак, на фотографијата во позадина се забележува брод со повеќе лица, што не е во согласност со околностите опишани во соопштението, бидејќи во тоа време не е вообичаено да има туристички сообраќај на вода. Иако ова само по себе не претставува доказ дека фотографијата е генерирана со вештачка интелигенција, претставува дополнителен елемент што отвора сомнеж во нејзината автентичност.
Од етички аспект, доколку институциите користат содржини создадени со вештачка интелигенција, тие треба јасно да бидат означени како такви, со цел јавноста да не биде доведена во заблуда и да се зачува довербата во официјалната комуникација.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Ѓорѓиевски: Од утре почнува пробивањето на трасата…
Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, во…
ЦУК: Македонски хеликоптер за првпат гасне пожар…
„По барање на Република Косово, Република Северна…
Нов инцидент во Германија: две лица се…
38-годишен маж и 28-годишна жена беа уапсени…
Путин: Постои шанса за мировен договор
Рускиот претседател Владимир Путин денес изјави дека…
Започнува реконструкцијата на Граничниот премин Делчево
Започнува реализацијата на проектот за реконструкција и…