Објавено на:

(Видео) Трагедија во Бангкок: Пожар во преполн бар однесе најмалку 27 животи

t

Најмалку 27 лица загинаа, а повеќе од 60 се повредени во катастрофален пожар што ноќеска избувна во преполн бар во округот Чатучак во Бангкок, Тајланд. Осуммина од повредените се во критична состојба и се борат за живот.

Според првичните информации, најголем дел од жртвите починале од вдишување чад. Директорот на Одделот за катастрофи во Бангкок, Суријачаи Равиван, изјави дека истрагата за причините за пожарот е во тек.

Пожарникарите добиле пријава кратко по полноќ, а при пристигнувањето затекнале хаотични сцени – посетители очајнички се обидувале да избегаат низ влезот кој веќе бил зафатен од пламен.

На социјалните мрежи се појавија потресни снимки на кои се гледа како луѓето врескаат, трчаат и се обидуваат да се спасат од огнената стихија. Според сведоци, пожарот избувнал во близина на сцената и за само неколку минути го зафатил целиот локал.

Еден очевидец за локалните медиуми изјавил дека ги забележал пламените околу 23:30 часот и скршил прозорци за да спаси две лица, додека мотоциклист кој се нашол во близина успеал да извлече петмина посетители.

Премиерот на Тајланд откри дека, според сведоштво на музичар кој настапувал во моментот на трагедијата, пожарот најверојатно започнал кај електричен прекинувач, по што следувале експлозии и густ чад што за неколку моменти го исполнил објектот.

„Многумина не успеале да излезат бидејќи тргнале кон задниот дел од зградата. Повеќето тела ги пронајдовме во тоалетите, каде што се обиделе да се засолнат од чадот и пламенот“, изјави премиерот.

Пожарот бил ставен под контрола по околу 30 минути. Според досегашните информации, меѓу загинатите има 18 жени и 9 мажи, а властите продолжуваат со истрагата за причините за една од најтешките трагедии во Бангкок во последните години.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Трагедија во Бангкок: Пожар во преполн…

Најмалку 27 лица загинаа, а повеќе од…

Мотоциклистот е повреден, увидот трае – МВР…

Мотоциклистот во кој утрово удри автобус кај…

САД и Иран во жесток судир, нова…

Тензиите меѓу САД и Иран дополнително ескалираа…

„БЕШЕ УЖАСНО“: Сопругата му го спасила животот…

Србинот Љубиша Каровиќ, е патникот кој е…

Во Грција запленети над 2 тона небезбедни…

Властите во Грција запленија и уништија повеќе…