(Видео) Шокантна снимка од Куманово: Нов случај на врсничко насилство – девојче опколено во ќош и удирано со шлаканици и клоци

t

Ново вознемирувачко видео од меѓуврсничко насилство, овојпат во Куманово објавено од серијалот „Без цензура“ на новинарката Лиридона Вејсели.

Станува збор за настан кој според нашите информации се случил пред 1 месец, а во полициска станица Куманово имало обид да биде пријавен вчера, но девојчето што е жртва, дури денеска е примено на разговор во полиција. На видеото девојчето е брутално удирано од три други девојчиња, од кои едното според нашите информации има 19 години, со повеќе шлаканици и клоци. Во еден момент сторителките ја кубат за коса жртвата, оттурнуваат во ѕидот додека таа е во шок. Иницијално, овој напад е објавен на социјалната мрежа „снепчет“ со опис „кога ќе ме пцуеш, ќе јадеш и ќотек“, пренесува Слободен Печат.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Претставничкиот дом ја блокираше иницијативата за импичмент…

Американскиот Претставнички дом ја запре иницијативата за…

Пораст на измами за сообраќајни прекршоци, МВР…

Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста…

Иран произведува 50 балистички ракети месечно

Иран и покрај повеќемесечните воздушни напади на…

ПАЃА ПРОДАЖБАТА НА СТАНОВИ ВО МАКЕДОНИЈА: За…

Пазарот на недвижности во Македонија бележи забавување…