Собранието разреши осум министри, Стоилковиќ со најмногу гласови за да замине од функцијата

t

Собранието со поединечно гласање разреши осум министри од кабинетот на премиерот Христијан Мицкоски откако за нив парламентот водеше единствен претрес за нивната работа. Најмногу пратеници гласаат за разрешување на министерот за односи меѓу заедниците Иван Стоилковиќ кој беше разрешен со 95 гласа.

За разрешување на министерот за правда Игор Филков гласаа 83 пратеници. За разрешување на министерот за земјоделие Цветан Трипуновски гласаа 92 пратеници додека за Фатмир Лимани да замине од функцијата гласаа 85 пратеници и еден гласаше против. Министерот за локална самоуправа Златко Перински е разреше со 87 гласови, а министерот за култура Зоран Љутков со 91 глас „за“. Министерот без ресор Шабан Салие е рзарешен со 85 гласови. Впечатливо е дека министерот за здравство Азир Алиу е разрешен со 80 гласа, тројца пратеници се изјаснија дека се „против“ разрешувањето, а тројца пратеници останаа воздржани.

Претходно премиерот Христијан Мицкоски во своето експозе посочи дека функцијата не била и никогаш нема да биде цел сама по себе, туку дека таа е средство преку кое му се служи на народот.

Осврнувајќи се на предлогот за разрешување дел од министрите, рече дека сите до еден се луѓе со чест и достоинство и, пред сè, чесни. Денес, нагласи, не се збогуваме со луѓе што не работеле, туку, напротив, со луѓе што во разни ресори дадоа свој придонес за реализација на програмата за која граѓаните дадоа доверба.

– Од првиот ден, кога ја презедовме одговорноста, кажав дека оваа Влада нема да биде Влада на комфор, туку Влада на резултати. Нема да биде Влада во која функциите ќе се сметаат за стекнато право, туку за обврска што секој ден повторно мора да се заслужува. Тоа не беше политички слоган, тоа беше принцип. Денес, покажуваме дека тој принцип важи педнакво за сите – рече Мицкоски.

Според него, на реконструкцијата на Владата не треба да се гледа како на крај на нечија работа.

– Граѓаните заслужуваат јасно да ја видат разликата меѓу политиката што се задоволува со изговори и политика што носи резултати – рече Мицкоски.

Заблагодарувајќи им се на членовите на Владата, кои, како што рече, во изминатиот период чесно, одговорно и посветено ги извршуваа функциите, потенцира – „со искрена благодарност за нивната работа ја отвораме следната етапа, не затоа што го негираме сработеното, туку затоа што сакаме врз она што е направено да изградиме уште повеќе“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Градоначалникот на Лондон казнет за неплаќање данок…

Градоначалникот на Лондон, Садик Кан, е прогласен…

(Видео) Германија тестира моќна балистичка ракета сред…

Германија успешно тестираше балистичка ракета произведена во…

(Видео) Го прашаа Путин дали Русија ќе…

Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи,…

Поради невремето, наместо во Скопје авион од…

Авионот на компанијата „Еделвајс“ кој полета од…

Медведев: Неонацистите заслужуваат директен удар врз Берлин

Германската влада ја обвини Русија за обидот…