Објавено на:

АКЦИЈА КАКО ОД ФИЛМ ВО ВЕЛЕС: Тројца крадци уапсени по кражба на голема количина облека од маркет!

t

Тројца жители на Скопје завршија во полициска станица откако биле фатени под сомнение дека украле поголема количина облека од продавница за текстил во Велес.

Случајот се случил во централното градско подрачје на Велес, во населбата Сармаале, каде полициски службеници брзо реагирале по добиена пријава за кражба.

Според информациите од надлежните, клучен момент за откривање на осомничените било тоа што вработената во продавницата успеала да го запомни возилото со кое лицата побегнале – црн автомобил „голф“ со скопски регистарски ознаки.

По пријавата, полицијата започнала потрага по возилото, кое набргу било забележано во центарот на Велес, на улицата „Архиепископ Михаил“, во момент кога се движело наназад од паркинг зад хотел.

Полициските службеници веднаш интервенирале, го сопреле автомобилот и ги идентификувале лицата кои се наоѓале во него. Тројцата биле лишени од слобода и одведени во полициска станица за понатамошна постапка.

Од Секторот за внатрешни работи Велес информираат дека станува збор за С.С. (32), М.Х. (22) и Б.Ј. (19), сите од Скопје.

Според пријавата, 39-годишна велешанка која работела во продавницата забележала две лица како го напуштаат објектот со поголема количина стока. Кога се обидела да им се приближи, тие веднаш побегнале, влегле во автомобилот и се упатиле во непознат правец.

При проверката на возилото, полицијата ја пронашла украдената стока, која потоа била вратена на сопственикот на продавницата.

„Полициски службеници од СВР Велес сопреле патничко возило ‘голф’ со скопски регистарски ознаки, управувано од С.С., а сопатници биле М.Х. и Б.Ј. При преглед, одземените предмети биле пронајдени во возилото и вратени на сопственикот“, информираше портпаролката на СВР Велес, Ана Милевска Ѓеоргиева.

По приведувањето бил известен јавен обвинител, а по целосното документирање на случајот против тројцата осомничени ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Брзата реакција на полицијата и деталите што ги дала вработената во продавницата биле клучни за осомничените да бидат пронајдени кратко по пријавената кражба.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

АКЦИЈА КАКО ОД ФИЛМ ВО ВЕЛЕС: Тројца…

Тројца жители на Скопје завршија во полициска…

Обвинителите се жалат од Уставниот суд: Загрижени…

Советот на јавните обвинители на Република Северна…

Не е исклучено и укинување на вториот…

Заклучокот се наметнува од информациите кои вечерва…

ИЈЗ предупредува: Климатските промени го зголемуваат ризикот…

Зголемените температури, промените во животната средина, но…

Џулиан Шабани е именуван за заменик-директор на…

Скопје – Џулиан Шабани е именуван за…