Со таксата на Трамп секој супертанкер би требало да плаќа по 30 милиони долари
Американскиот претседател Доналд Трамп предложи воведување надомест од 20 проценти од вредноста на товарот за сите бродови што транзитираат низ Ормускиот Теснец, наведувајќи дека САД треба да бидат обесштетени за гарантирањето на безбедноста на еден од најважните светски поморски коридори.
Според предлогот, при актуелна цена на нафтата од околу 80 долари за барел, надоместокот за супертанкер што превезува приближно два милиона барели сурова нафта би изнесувал околу 30 милиони долари.
Трамп во понеделникот соопшти дека повторно се воспоставува американска блокада на иранските бродови што транзитираат низ Ормускиот Теснец и дека САД ќе бидат „чувар“ на овој стратешки воден премин. Притоа тој изјави дека, „во интерес на правичноста“, САД треба да бидат обесштетени со стапка од 20 проценти за целиот товар што поминува низ теснецот.
Белата куќа, според достапните информации, не објави дополнителни детали за начинот на кој би се спроведувала ваквата мерка, ниту дали за предлогот било официјално комуницирано со американските сојузници во Персискиот Залив.
Предлогот предизвика изненадување во меѓународната бродска индустрија. Претставници на компаниите што управуваат со танкери изјавиле дека не биле претходно известени за можноста од воведување ваква такса и оцениле дека, поради недостигот од конкретни информации, е прерано да се процени како евентуалната мерка би влијаела врз пловидбата низ Ормускиот Теснец. Еден капетан на танкер, кој побарал да остане анонимен, ваквиот предлог го споредил со „друмски грабеж“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Последен пат го направи ова денот кога…
Руското Министерство за надворешни работи повторно им…
Остар пад на Волстрит: Се избриша постизборниот…
Американските берзи забележаа силен пад во четвртокот,…
Сиљановска-Давкова во Брисел се сретна со амбасадорите…
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова оствари работна средба со амбасадорите…
Барнам: Путин нема да биде поканет на…
Британскиот премиер Енди Барнам изјави дека рускиот…
Јанев за трагедијата во Богданци: МВР реагираше…
Со цел да не се шират шпекулации…