Од денеска само полнолетни ќе смеат да возат електричен тротинет
Стапуваат во сила новите правила за управување со електрични тротинети, предвидени со измените на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата.
Според новите правила, електричен тротинет ќе може да управува само лице кое има наполнето 18 години, наместо досегашните 14 години.
Максималната дозволена брзина е ограничена на 20 km/h на велосипедски патеки и ленти, додека на тротоари, пешачки и мешани патеки останува ограничувањето од 6 km/h.
При преминување на коловоз или пешачки премин, доколку нема велосипедска патека или лента, возачите на електрични тротинети се должни да слезат и да го туркаат возилото.
Новина е и забраната за превезување друго лице на тротинет. Во случај на прекршок, ќе бидат санкционирани и возачот и лицето кое се превезува.
Заштитниот шлем станува задолжителен за сите возачи, а останува и обврската за носење рефлектирачки елек во услови на намалена видливост и во текот на ноќта.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ВОЛСТРИТ ЏУРНАЛ: NVIDIA СЕ ПОДГОТВУВА ДА ГО…
Управниот одбор на американскиот технолошки гигант NVIDIA…
Мерц подготвен за разговор со Путин? Договорот…
Разговори меѓу германскиот канцелар Фридрих Мерц и…
АЛ-МАДА: САД ПОДГОТВЕНИ ДА ПРИФАТАТ ЧЕТИРИ ОД…
Соединетите Американски Држави наводно се подготвени да…
Охриѓанец исчезнал од семејниот дом, полицијата трага…
На 10.11.2026 година, во 17:00 часот, во…
Иран отвори прв воен камп за обука…
Иран го отвори својот прв воен камп…