Нема веќе граница меѓу Шпанија и Гибралтар
Европска унија и Велика Британија денеска во Брисел потпишаа договор со кој се укинуваат граничните контроли и се овозможува слободно движење на луѓе и стоки помеѓу Шпанија и територијата Гибралтар, кој е под британска контрола.
Договорот беше потпишан од еврокомесарот за трговија Марош Шефчович и британскиот министер за Европа, Стивен Доути, а присуствуваше и премиерот на Гибралтар, Фабијан Пикардо.
Договорот ги отстранува сите физички бариери и контроли на копнената граница помеѓу Гибралтар и Шпанија и вклучува планови за поблиска интеграција на територијата со Шенген зоната и единствениот пазар на ЕУ, додека целосно го заштитува британскиот суверенитет над Гибралтар, на барање на Лондон.
Од утре на граничниот премин помеѓу Гибралтар и шпанскиот град Ла Линеа, кој го преминуваат илјадници луѓе секој ден, повеќе нема да има проверки на документи.
Гибралтар, мала територија со население од речиси 40.000 жители во најјужниот дел на Ибериски Полуостров, прима околу 15.000 шпански работници секој ден, што е речиси половина од нејзината работна сила.
Договорот меѓу Лондон и Брисел беше постигнат во јуни минатата година по години тешки преговори, во кои учествуваше и Шпанија. Граничните контроли беа воведени по референдумот за Брегзит во 2016 година и излегувањето на Велика Британија од ЕУ.
За утре е предвидено премиерот на Шпанија, Педро Санчез да го посети Гибралтар.
Гибралтар е под контрола на Велика Британија од 1713 година со Договорот од Утрехт. Британска прекуморска територија се наоѓа на Шпанија, а останатите делови и се опколени со Средоземно Море и Атлантски Океан.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ЕУ ѝ дава на Шпанија 115 милиони…
Европската унија соопшти дека ѝ доделува на…
Во Шпанија топлотниот бран трае 61 ден
Во 2026 година во Шпанија се регистрирани…
Во Шпанија повеќе од 5.000 смртни случаи…
Повеќе од 5.000 смртни случаи поврзани со…
Италија го продолжи суспендирањето на Шенген со…
Италијанската влада најави 15-дневно продолжување на суспендирањето…
Санчез ги обвини Русија и Израел за…
Шпанскиот премиер Педро Санчез изјави дека сè…