Објавено на:

Откако пред две години се изборија да не добиваат фотографии на домашна адреса: Возачите во Италија уште еднаш ги победија камерите – исклучени околу 850

t

Возачите во Италија масовно се жалат дека сообраќајните камери не ги исполнуваат сите законски барања, а сега нивните жалби дадоа сериозен резултат. Бидејќи бројот на поплаки со текот на времето нагло се зголемуваше, неколку општини одлучија целосно да ги исклучат своите камери за мерење на брзината, додека не се донесат појасни прописи.

Италијанската влада реагираше и донесе нови национални правила за радарските системи. Сите уреди во земјата мора да ги исполнуваат идентичните технички барања, објавува „Ревија ХАК“. Пред да бидат пуштени во употреба, камерите мора да поминат низ ригорозно тестирање, а потоа и низ редовни периодични проверки за да се гарантира апсолутна точност на мерењата. Новите правила носат значително повисоки технички стандарди кога станува збор за препознавање на регистарските таблички. Новина е и тоа што опремата која е сервисирана на кој било начин или има ажуриран софтвер, мора да помине низ нова постапка за верификација пред да се врати на патот.

Италијанскиот заменик-премиер и министер за инфраструктура и транспорт, Матео Салвини, изјави дека камерите за брзина мора да служат исклучиво за зголемување на безбедноста на патиштата, а не како скриен инструмент за полнење на локалните буџети. Иако оваа изјава звучи популистички, овој пат е поткрепена со конкретни технички промени. Реформата беше поздравена и од организациите за безбедност во сообраќајот и од здруженијата за заштита на потрошувачите.

Сепак, повеќето камери во земјата продолжуваат да работат. Останатите 3.150 камери ги исполнуваат новите стандарди и ќе продолжат да ги евидентираат прекршоците како и досега. Од друга страна, околу 850 италијански камери во моментов не ги исполнуваат пропишаните услови и затоа се исклучени – барем засега.

Новата политика во Италија има за цел да воспостави поголема доверба кај возачите и да обезбеди систем во кој казните ќе се темелат на прецизни и проверени мерења, а не сомнежи околу исправноста на опремата.

Драмата со камерите на патиштата во Италија трае повеќе од две години и ова е втора победа на возачите. Прво, тие се пожалија на тоа што камерата го снима возачот со сопатникот, а испраќањето на фотографијата на неговата домашна адреса како доказ за прекршокот, како што тогаш пишуваше „Кориере дела сера“ во  многу случаи било причина за кавги во семејството, па дури и за прекинување на врски и за разводи. По бурните реакции на возачите италијанското Министерство за транспорт објави дека возачите кои ќе бидат фатени како возат пребрзо веќе нема да добиваат фотографии од камерата, туку само известување. Фотографиите од камерите за брзина ќе се користат само ако возачот поднесе официјален приговор на казната. Италијанскиот весник „Кориере дела сера“ објави дека оваа регулатива е одобрена од италијанските служби за заштита на податоци. Салвини и тогаш реагираше против камерите, тврдејќи дека општините ги користат за создавање приход.

– Мораме да спасиме животи со превенција и контрола, но и да ги спасиме паричниците на граѓаните, ослободувајќи ги од анархијата на камерите за контрола, рече тој.

Меѓу земјите членки на Европската Унија, Италија е земја со најмногу камери на патиштата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Откако пред две години се изборија да…

Возачите во Италија масовно се жалат дека…

Затвореници цела недела ќе ги чистат магистралните…

Од денес започна седумдневната работна акција која…

Ликот на Трамп ќе се појави на…

Жителите на САД наскоро ќе го видат…

(Видео) Воз опкружен со пожар во Канада,…

Снимките од Армстронг, Онтарио, покажуваат товарен воз…

Собранието повторно го изгласа Законот за Царинската…

Собранието попладнево со 71 глас „за“ и…