Објавено на:

Изгаснат пожарот што вчера гореше кај Охрид

t

Со брза интервенција на Територијалната противпожарна единица, но и со поддршка на локалното население и доброволци, успешно беше локализиран и изгаснат пожарот што вчера попладнето избивна на падините на планината Петрино, над населбата „Бараки“ во Охрид.

Како што се посочува во соопштението од ТППЕ – Охрид, веднаш по појавата на пламенот од единицата било интервенирано со четири возила и 17 пожарникари.

Притоа со пламен била зафатен отворен простор со сува трева и деградирана борова шума.

„Поради силината на ветерот имаше реална опасност пожарот да пристигне до поблиските објекти, меѓутоа благодарение на нашите пожарникари, месното население и останати доброволци, беа избегнати поголеми материјални штети“, се посочува во соопштението.

Причините за избувнувањето на пламенот се уште не се познати, но околностите укажуваат дека се работи за човечки фактор.

Од ТППЕ – Охрид се упатува апел до граѓаните да се однесуваат совесно и одговорно, а до надлежните институции да превземат мерки за пронаоѓање и санкционирање на предизвикувачите на пожари на отворено.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Колумбија ги прекина дипломатските односи со Иран

Колумбија ги прекина дипломатските односи со Иран…

Во недела протест во Скопје по пресудата…

Во недела, 27 септември, во 14 часот…

Груевски бил пред времето: Европа воведува „Купувај…

Европа сака да произведува повеќе дома и…

Муцунски: Стратешкото партнерство со САД е суштински…

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија,…

Уништен небезбеден сладолед, парични казни за 45…

Инспекциските служби на Агенцијата за храна и…