СДСМ: Граѓаните се со празни џебови

t

Горивата повторно поскапеа, дизелот за 5,5 денари по литар. Ова е продолжение на кризата, за што СДСМ со месеци зборува, алармира и бара Владата да воведе мерки за заштита на стандардот на граѓаните, пишува во денешното соопштени.

-Владата на Христијан Мицкоски не направи ништо и не воведе мерки кои би го ублажиле ударот врз граѓаните. Без разлика дали тоа е поради неспособност или намерно – граѓаните сепак ја плаќаат цената. За 10 илјади денари е поскапена синдикалната кошничка за последните 2 години и надмина 70.000 денари. Граѓаните со празни џебови и празни фрижидери не можат да врзат крај со крај во месецот, а Мицкоски наместо да ја смени политиката и да преземе мерки, сака да ја смени пресметката, велат СДСМ.

Додаваат дека на Мицкоски само манипулации му се во главата.

-Сега новото поскапување на горивата ќе донесе нов бран поскапувања на храната, поради тоа што поскап транспорт значи и повисоки трошоци за компаниите. Тоа значи граѓаните ќе продолжат да ја плаќаат цената, затоа што оваа Влада нема ниту план, ниту волја да го сопре економскиот пад. Мицкоски најавуваше проверка на трговските ланци, јавно изјави дека знае, но, нема да каже. Значи сè кај Мицкоски е фарса. Сè е лага. Економијата е во колапс, буџетот е празен, а наскоро нема да има пари ниту за пензии. Понеспособна влада во историјата на Македонија досега немало, велат тие.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

СДСМ: Граѓаните се со празни џебови

Горивата повторно поскапеа, дизелот за 5,5 денари…

АХВ: Потврдени 10 нови жаришта на сипаници…

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) соопшти…

Влечел цариник со возило, побегнал од Блаце…

На 15.07.2026 околу 22:00 часот, полициски службеници…

Ќе биде менаџер на кинески BYD –…

Поранешниот шеф на унгарската дипломатија, Петер Сијарто…

Брисел: Австрија и Грција го блокираат новиот…

Земјите од ЕУ не успеаја да постигнат…