И ОФИЦИЈАЛНО: Во студентски домови само за студенти до 30 години
Собраниската комисија за образование, наука и спорт денеска на седница заклучи дека предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за студентскиот стандард, по скратена постапка, е прифатлив и го проследува на натамошно читање.
Предлагачи на законот се пратениците Даниела Христова, Каролина Насковска, Иванка Василевска и Велика Стојкова-Серафимовска.
Пратеничката Христова рече дека со предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за студентскиот стандард се дополнува условот за сместување и исхрана на студентите во државните студентски домови, така што се дефинира старосната граница за прием во студентски дом и се доуредува постапката за изрекување воспитни мерки за студентите доколку не се придржуваат до куќниот ред на домот.
– Измените се однесуваат на член 24 став 1, каде што по зборот „живеење“, се става запирка и се додаваат зборовите: „а кои не навршиле 30 години на денот на поднесување на барањето за прием во државен студентски дом“. Со овој член се прецизира старосната граница за прием во студентски дом со цел да не се прават злоупотреби и во домовите да се сместуваат оние на кои навистина им е потребна ваква поддршка. Се менува и членот 27, кој се однесува на придржување на куќниот ред во студентските домови, така што на оние студенти што не се придржуваат може да им се изрече воспитна мерка, писмена опомена, опомена пред отстранување и забрана за користење на услугите во студентските домови на целата територија на Република Македонија и забраната може да биде од една до пет години – рече Христова.
Додаде дека целта на измените на законот се обезбедување поголема правна сигурност, заштита, безбедност во домовите и условите за престој.
Комисијата не прифати шест амандани поднесени од пратеникот Сали Мурати од Движењето на Турците на Македонија за правда и демократија, со кои, меѓу другото, бараше исклучок од возрасната граница за лица со попреченост, како и да се утврди правото на студентот да поведе управен спор пред Управниот суд за да му се отвори патот до Европскиот суд за човекови права.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
И ОФИЦИЈАЛНО: Во студентски домови само за…
Собраниската комисија за образование, наука и спорт…
Проблемот на професионалните возачи го решаваме самостојно,…
Заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт…
30-дневен привор за СОПРУЖНИЦИТЕ-УБИЈЦИ НА ДОКТОР ТРПОВСКИ:…
Судот го прифати предлогот на Основното јавно…
Уставниот судија Гоце Наумовски поднесе оставка
Уставниот судија Гоце Наумовски поднесе оставка, неофицијално…
Стармер во последна посета на Украина како…
Британскиот премиер Кир Стармер денеска престојува во…