Поднесено обвинение за измами со брзи кредити
Основното јавно обвинителство Скопје, по спроведена истражна постапка, поднесе обвиненија против вкупно шест лица за повеќе дејствија на продолжени кривични дела – Фалсификување исправа од член 378, Злоупотреба на лични податоци од член 149 и Компјутерска измама од член 251-б од Кривичниот законик. Против вкупно 33 лица е поднесен Предлог за издавање казнен налог до надлежен суд за кривично дело – Компјутерска измама од член 251-б став 1 во врска со член 45 од Кривичниот законик.
Обвинетите со умисла извршилe повеќе временски поврзани дејствија што претставуваат повеќекратно остварување на исто дело, искористувајќи притоа ист траен однос воспоставен помеѓу нив заради извршување на делото, исти прилики за користење на електронска апликација и други слични околности како што е невработеноста на лицата кои дале особен придонес за сторување на делото. Во информатичкиот систем на повеќе оштетените финансиски друштва внесувале невистинити податоци – за кои секој од нив знаеле дека не се вистинити и дека се постигнати со дејствија од други кривични делa, со што предизвикувале невистинити резултати при електронската обработка и преносот на податоците од Агенцијата за вработување на РСМ. Во ова им помагал еден од нив, кој бил службено лице вработено во Фондот за здравствено осигурување на РСМ и кој им ставил на располагање средства, односно ЕЗБО број кој претходно го обезбедил преку својот компјутер од електронскиот систем на Фондот. Користеле лажни исправи и ги злоупотребувале личните податоци на оштетени физички лица и притоа од финансиските друштва повлекувале брзи кредити на нивно име.
Намерата на обвинетите им била за секој од нив да прибават противправна имотна корист. Четворица од нив со вакви дејствија во периодот од февруари 2023 година до јуни 2024 година, како вкупна последица ја оствариле последицата на потешко кривично дело односно прибавиле вкупна имотна корист во износ од 2.509.808 денари која е значителна. Останатите во текот на 2022 и 2023 година со поединечни дејствија во помал износ прибавиле противправна имотна корист во вкупен износ од дополнителни 659.500 денари.
За четири лица кои беа опфатени со истражната постапка јавниот обвинител донесе решение за запирање на истрагата, од кои за двајца не беа обезбедени докази дека учествувале во оваа измамничка шема, а двајца починаа во меѓувреме.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Пукање во Ѓорче Петров – нападнат 23-годишник
На 10.11.2026 околу 05:30 часот во СВР…
Американските пратеници Кушнер и Виткоф пристигнаа во…
Американските пратеници Џаред Кушнер и Стив Виткоф…
Над 136 илјади туристи ја посетиле Македонија…
Вкупно 136.305 туристи се евидентирани во земјава…
Клиентите на Алта банка Србија можат да…
Банка Поштанска штедионица соопшти дека клиентите на…
Денес се празнуваат Светиот свештеномаченик Зиновиј и…
Од градот Егеј во Киликија. Вистинската вера…