Хасановиќ: Вака се останува без држава, со талкање во просторот без цел во надеж дека некој друг “ќе не реши”
*Објава на Фејсбук на Емир Хасановиќ
Воено уништена Украина, Молдавија која нема контрола над целата територија, Црна Гора која никогаш не била пополаризирана и Албанија на која и се нишаат темелите на властта не губат фокус од она што е стратешка цел. Ние до каде сме?!
СДСМ со безпоговорно прифаќање на францускиот предлог без никаков план ја стави државата во подредена позиција. Можеби новата невладина на Димитар Ковачевски може да ни даде одговор како да го одврземе овој јазол сега? Или бившиот премиер и сегашен нем пратеник е премногу зафатен да се занимава со вака прости прашања?
Новата влада, пак, има примедби за грешките но не одговори за како да излеземе од сево ова.
Нето губитник—сите ние. Победник—апсолутно никој. Одговорот не може да дојде од традиционалните партии, ниту од некакви етнички табори. Очи си извадивме во нивно име, а секој ден се победни сме.
Вака се останува без држава, со талкање во просторот без цел во надеж дека некој друг “ќе не реши”. Нема да може долго вака…