Савески: Рано е за правна квалификација на случајот со водата во Гостивар, се прибираат информации

t

Државниот јавен обвинител Ненад Савески потврди дека Основното јавно обвинителство Гостивар презема истражни дејствија за случајот со можната неисправност на водата за пиење во градскиот водовод во Гостивар, за да се утврди дали има поврзаност со зголемениот број пациенти со дигестивни проблеми.

Савески информира дека надлежен јавен обвинител постапува по случајот и прибира информации од надлежните институции, со цел да се утврдат околностите и да се увиди дали станува збор за кривично-правен настан. Во овој момент, додава државниот обвинител, рано е да се дава правна квалификација на настанот.

„Да не избрзувам со правната квалификација околу настанот. Дејствијата се преземаат токму денес. Очекувам и јас информации од страна на надлежниот јавен обвинител, така што не би било благодарно сега од ова место да одредувам правна квалификација наместо надлежниот обвинител“, изјави Савески одговарајќи на новинарски прашања.

На прашањето дали ќе биде побарана одговорност доколку се утврдат неправилности, обвинителот повтори дека најпрво треба да се утврди дали постојат основи за кривично дело.

„Прво треба да се види дали има основи за постоење, па потоа и видот на кривичното дело, доколку има“, вели тој.

Од ОЈО Гостивар денеска соопштија дека преземаат дејствија по поднесена пријава во однос на квалитетот на водата за пиење во Гостивар, по зголемениот број пациенти со дигестивни проблеми. Квалитетот на водата во градскиот водовод во го испитува Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ).

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ВОЛСТРИТ ЏУРНАЛ: NVIDIA СЕ ПОДГОТВУВА ДА ГО…

Управниот одбор на американскиот технолошки гигант NVIDIA…

Мерц подготвен за разговор со Путин? Договорот…

Разговори меѓу германскиот канцелар Фридрих Мерц и…

АЛ-МАДА: САД ПОДГОТВЕНИ ДА ПРИФАТАТ ЧЕТИРИ ОД…

Соединетите Американски Држави наводно се подготвени да…

Иран отвори прв воен камп за обука…

Иран го отвори својот прв воен камп…