Мигрант (36) од Пакистан пронајден мртов кај гевгелиско Мрзенци
МВР информира дека вчера на место викано „Мрзенско поле“, во атар на село Мрзенци, гевгелиско, бил пронајден починат мигрант А.М..
Според пријавеното, околу 11:52 часот, мигранти од Пакистан преку мобилен телефон побарале помош, а по пристигнувањето на местото, полициските службеници затекнале тројца мигранти кои не поседувале лични документи, но кажале дека се од Пакистан и едно починато лице, за кое изјавиле дека е на возраст од 36 години и било заедно со нив.
Лекар констатирал смрт кај лицето, без траги на насилство, а по наредба на јавен обвинител, телото на починатиот мигрант е предадено на обдукција.
Мигрантите се пренесени во Прифатниот центар „Винојуг“-Гевгелија.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Си Џинпинг до Трамп: Односите меѓу Кина…
Американскиот претседател Доналд Трамп и неговата сопруга…
Србија ослободува 5000 тони дизел од државните…
Србија ќе ослободи околу 5000 тони дизел…
СДСМ: Платформата е поврзана со власта, ѝ…
СДСМ остро реагираше на денешното јавно претставување…
Двоглав орел поставен на врвот на Кораб
На социјалните мрежи се појави фотографија од…
Пензиите ќе се зголемат законски за 3…
На една недела пред да заврши месецов…