Иран повлече црвена линија: „Договорот со Америка повеќе не постои“
Иран објави дека нема да го спроведе меморандумот за разбирање со САД, тврдејќи дека Вашингтон ги прекршил своите обврски. Техеран вели дека сега е фокусиран на одбрана на земјата.
Иран нема да ги исполни своите обврски ниту ќе го спроведе меморандумот за разбирање со САД, откако „САД го прекршија“, изјави денес иранскиот заменик-министер за надворешни работи, Казем Гарибабади.
„САД ги прекршија и суспендираа сите свои обврски според Меморандумот за разбирање од Исламабад“, рече Гарибабади, додавајќи дека Иран сега е „зафатен со одбрана на земјата“, објави „Иран Интернешнл“.
Претходно, висок советник на иранскиот врховен лидер, ајатолахот Моџтаба Хамнеи, Мохсен Резаи, изјави дека ако Америка ја продолжи војната во наредните денови, Иран ќе премине од одмаздничка фаза во офанзивна фаза.
Тој додаде дека предвидувањето дека американскиот претседател Доналд Трамп ќе го откаже меморандумот за разбирање се остварило, бидејќи, како што тврди, Вашингтон претходно практично го уништил договорот со кршење на сите пет прелиминарни одредби, пренесува „Танјуг“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
„Фемицидот мора да се спречи пред да…
Мирен протест со пораката „Стоп за фемицидот“…
Студентската листа ја освои Србија, сега отвора…
Претставници на Студентската листа, која победи на…
Меџити: Не размислуваме секогаш исто со Мицкоски,…
Копретседателот на Вреди Изет Меџити, во изјава…
МНОЗИНСКИОТ СОПСТВЕНИК ВО „ИЛОВИЦА“ ИНВЕСТИРА НАД МИЛИЈАРДА…
Трафигура, мнозински сопственик на Еуромакс Ресоурцес, компанијата…
ЕУ ПОВИКА МАКЕДОНИЈА ДА СЕ УСОГЛАСИ СО…
Официјален Брисел очекува Македонија да се приклучи…