Објавено на:

Ѓоковиќ: Крајот на кариерата ми е поблиску од било кога

t

По пензионирањето прво на Роџер Федерер, а потоа и на Рафаел Надал, постојано се зборува за тоа кога Новак Ѓоковиќ ќе ја заврши кариерата. Сепак, српскиот тенисер сè уште се бори со најдобрите на турниеите и се обидува да стигне до јубилејниот 25-ти Гренд Слем.

Но, на 39-годишна возраст, сосема е нормално што темата за пензионирање често се споменува. Новак не бега од фактот дека моментот на повлекување е блиску.

„Сè уште чувствувам дека можам да се натпреварувам на највисоко ниво. Сепак, моментот кога ќе ја завршам кариерата е секако поблиску од кога било. Андре Агаси еднаш рече дека не знае кога ќе заврши мојата кариера, но дека кога ќе заврши, сè ќе оди многу брзо. Мислам дека е во право“, рече Ѓоковиќ за време на настанот „Fanatics Fest“.

Ѓоковиќ верува дека не постои идеален начин за пензионирање.

„Некои сакаат да се пензионираат додека се на својот врв, други си заминуваат кога нивните тела повеќе не можат да издржат, а има и такви кои сфаќаат дека повеќе не можат да се натпреваруваат со најдобрите. Јас само се обидувам да уживам во она што сè уште можам да го играм.“

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Рајскиот пат до Москва: Малдивите станаа таен…

Белите песочни плажи, тиркизните води и затскриените…

Ангелов: Состојбата со пожарите е алармантна, кај…

Пожарникарите го ставија под делумна контрола пожарот…

Гасот е сѐ поскап во Европа, Франција…

Складовите за гас во Франција се полни…

Напади во Германија: Вчера експлозија во електрана,…

Еден ден по експлозијата во трафостаницата до…