Османи се налути и за билбордот на влезот на Скопје: „Недостига албанскиот јазик, прикажани се Крстот на Водно и Букефал, а ги нема чаршијата и џамиите“

t

Потпретседателот на ДУИ, Бујар Османи, остро реагираше на новото обележје поставено на влезот во Скопје, оценувајќи дека главниот град е претставен еднострано и без албанската заедница.

Во објава на социјалните мрежи, Османи наведува дека на билбордот со кој Скопје ги пречекува посетителите воопшто не е застапен албанскиот јазик, иако, како што посочува, главниот град е двојазичен.

„На билбордот со кој Скопје ги пречекува посетителите целосно недостига албанскиот јазик, иако главниот град е двојазичен, а неговиот идентитет со векови го граделе различни етнички, културни и верски заедници“, наведува Османи.

Тој посочува дека на обележјето се прикажани Крстот на Водно и споменикот на Букефал, додека, според него, изоставени се Старата скопска чаршија, Скопското Кале, џамиите и симболите што го претставуваат албанското, исламското и османлиското наследство на градот.

„Ова е неприфатливо исклучување на суштински дел од историјата, културата и денешната реалност на Скопје“, наведува Османи.

Тој побара градските власти веднаш да го отстранат билбордот и јавно да соопштат кој ја одобрил, како што ја нарече, „едностраната и дискриминаторска“ претстава на главниот град.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ВОЛСТРИТ ЏУРНАЛ: NVIDIA СЕ ПОДГОТВУВА ДА ГО…

Управниот одбор на американскиот технолошки гигант NVIDIA…

Мерц подготвен за разговор со Путин? Договорот…

Разговори меѓу германскиот канцелар Фридрих Мерц и…

АЛ-МАДА: САД ПОДГОТВЕНИ ДА ПРИФАТАТ ЧЕТИРИ ОД…

Соединетите Американски Држави наводно се подготвени да…

Иран отвори прв воен камп за обука…

Иран го отвори својот прв воен камп…