Владата дневно ќе дистрибуира по 50.000 литри вода за гостиварчани, на овие пунктови може да се подигнат
Владата донесе одлука интервентно да обезбеди од денес и во наредните неколку дена по 50.000 литри бесплатна вода дневно за пиење за граѓаните на Гостивар, со цел да се обезбедат основните потреби на населението додека траат мерките и препораките на надлежните институции.
Од Владата брифираат дека од првиот момент се во постојана кординација со сите надлежни институции и внимателно го следи развојот на настаните.
Дистрибуцијата на водата ќе се реализира преку Службата за општи и заеднички работи на Владата преку следните пунктови:
Водостопанство – Гостивар, ул. ЈНА бр. 139
Градинка „Пролет“,
ул. Беличица бр. 47
СЕОУ – Гостивар (Средно економско училиште),
ул. Живко Брајковски бр. 39
ЈП Национални шуми – Подружница „Шар“ Гостивар,
ул. Браќа Ѓиноски бр. 165
АД ЕСМ – Подружница кај гаражите (питарница),
ул. Илинденска
Општа болница „Ферид Мурад“ – паркинг,
ул. Чеде Филиповски бр. 29
Територијална противпожарна единица – Гостивар,
ул. Беличица бр. 35
Истовремено, сите надлежни институции продолжуваат со интензивните контроли, анализи и истражни дејствија за утврдување на причините за настанатата состојба.
-Очекуваме целосно расчистување на случајот, а секој што ќе има утврдена одговорност ќе сноси одговорност согласно закон. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат препораките на надлежните институции и информациите да ги следат исклучиво преку официјалните канали, со цел навремено и точно информирање.
Приоритет на Владата останува заштитата на здравјето на граѓаните, брзата институционална реакција и целосното надминување на состојбата. Владата ќе продолжи да презема сè што е потребно за обезбедување поддршка на граѓаните сè до нормализирање на состојбата, брифираат од Владата.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Владата дневно ќе дистрибуира по 50.000 литри…
Владата донесе одлука интервентно да обезбеди од…
Здравствените власти ќе прогласат епидемија во Гостивар
Горната граница на заболени пациенти на неделно…
Орце до опозицијата: Кога најголемиот проблем е…
Кој работи и греши, а ме радува…
Југо удрило во два електрични тротинети управувани…
Во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу…
Бронза и три пофалници за Македонија на…
Тимот кој ја претставуваше Македонија на 58.…