Ќе биде прогласена епидемија во Гостивар: Стотици прегледи на Инфективното одделение, тројца хоспитализирани

t

На територијата на општина Гостивар наскоро ќе биде прогласена епидемија на заразна болест, потврди раководителот на Одделот за епидемиологија во Институтот за јавно здравје, д-р Драган Кочински. Според неговите изјави, во комуникација со Центарот за јавно здравје од Тетово денеска ќе се донесе и официјалната одлука за пријавување на епидемијата, што ќе овозможи подобра комуникација и координација на сите надлежни институции во справувањето со кризата.

Министерството за здравство информираше дека во период од само едно деноноќие, во Општата болница во Гостивар се регистрирани дури 204 прегледи на Инфективното одделение, при што три лица се хоспитализирани, потоа 140 прегледи на Педијатриското одделение и уште девет прегледи во Ургентниот центар.

По добивање на барање од Јавното обвинителство, стручните тимови на ИЈЗ веднаш излегле на терен за да земат примероци за микробиолошки и физичко-хемиски анализи на водата од градскиот водовод. Поради времената забрана за употреба на водата за пиење, од Институтот апелираат до граѓаните строго да ги почитуваат препораките за превенција на заболувања кои се пренесуваат преку вода сè додека не се добие официјално известување дека таа е повторно безбедна за употреба.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Британскиот премиер ја отфрли можноста за нов…

Британскиот премиер, Енди Бернам, ја отфрли можноста…

Украина нападна руска радарска станица вредна околу…

Украинските одбранбени сили синоќа нападнаа руска радарска…

Германската агенција за вработување се противи на…

Германската влада планира да ја преполови квотата…

Во Словенија откриена најголема нелегална фабрика за…

Во индустриската зона Тримлини во близина на…

Израел се подготвува за нови напади: Мобилни…

Израелските власти започнале со распоредување мобилни засолништа…