Студентите плаќале, но парите завршувале кај вработен наместо во Универзитетот во Тетово
Финансиската полиција поднесе кривична пријава против А.З., административен службеник на Државниот универзитет во Тетово, под сомнение дека присвоил 3.362.272 денари од студентски уплати. Во периодот од март 2020 до февруари 2023 година, пријавениот во готовина ги земал парите за партиципација и трошоци за студирање од студентите, но наместо да ги уплати на сметката на универзитетот, ги задржувал за себе.
За да го прикрие кривичното дело, А.З., кој работел како виш соработник за логистика и теренско работење, им издавал на студентите фалсификувани потврди за наводно извршени уплати.
За изработка на лажните документи, тој ги искористил податоците и QR-кодот од вистинска потврда за уплата со банкарска картичка на неговата сестра преку универзитетската веб-апликација Е-pay. Потоа ги менувал податоците за уплаќачот, сумата и датумот, па така преправените потврди им ги давал на студентите. Студентите, мислејќи дека уплатата е завршена, ги прикачувале потврдите во електронскиот систем и ги предавале во студентската служба.
Осомничениот ги земал парите во готовина од студентите на Природно-математичкиот факултет, Факултетот за физичка култура и Факултетот за медицина на сите нивоа на студии. Парите биле наменети за партиципација, кофинансирање и други трошоци за студирање.
Со оваа шема, според Управата за финансиска полиција, службеникот за себе прибавил противправна имотна корист од 3.362.272 денари (околу 54.600 евра) и за истиот износ му причинил директна штета на буџетот на Универзитетот во Тетово.
Управата за финансиска полиција поднесе соодветна кривична пријава до Основното јавно обвинителство Тетово. Службеникот се товари за две кривични дела: „Злоупотреба на службената положба и овластување“ од член 353 и „Фалсификување исправа“ од член 378 од Кривичниот законик.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Студентите плаќале, но парите завршувале кај вработен…
Финансиската полиција поднесе кривична пријава против А.З.,…
Повторно поскапува цената на нафтата: Се стравува…
Цените на нафтата се зголемија за околу…
Венгер: Паузите за хидратација беа најголемиот проблем…
Францускиот стратег Арсен Венгер потврди дека ФИФА…
(Видео) Американски напади на Иран деветта ноќ…
Американската војска објави дека го завршила најновиот…
Познат идентитетот на трите жртви во трагедијата…
Познат е идентитетот на трите лица кои…