Мицкоски: Продолжуваме да ги реализираме приоритетите коишто ги имаме зацртано како Влада, така што добрите времиња се пред нас

t

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање даде осврт за економијата до сега и што се најавува за наредниот период:

„Па ние продолжуваме да ги реализираме приоритетите коишто ги имаме зацртано како Влада. Наша стратешка цел е да успееме да го консолидираме системот онака како што мислиме дека треба да функционира, посебно зборам македонската економија.

Во делот на инфлацијата, за жал еве повторно имаме предизвици во Заливот. Повторно имаме воени дејствија од големи размери. И повторно имаме раст на цените на нафтата и нафтените деривати на светските берзи, што секако за нас како Влада претставува предизвик. Денеска на владина седница ќе ја продолжиме, на вонредна владина седница ќе ја продолжиме кризната состојба. И во рамките на таа кризна состојба ќе ги намалиме акцизите за безоловните бензини и за дизел горивата. Со што колку-толку ќе влијаеме позитивно, би рекол за граѓаните, а негативно за цената, бидејќи ќе се намали. Очекувам да продолжиме и понатаму да бидеме со убедливо најниска цена на бензините и на дизел горивата.

Голем дел од инвестициите коишто беа во процес на реализација, веќе почнуваат да се реализираат. Во следниве месеци ќе имаме можности да бидеме сведоци на сите овие проекти. Очекувам и во вториот квартал да имаме солиден раст на бруто домашниот производ, имајќи предвид дека во април месец градежништвото беше над 40%. Трговијата исто така е двоцифрена, раст имаме во туризмот. Буквално во сите сегменти и покрај, би рекол предизвикувачката состојба. Ќе биде тешко, но нема да очајуваме, ќе се бориме. Имаме план, сосема пристојно се полни буџетот, би рекол над нашите очекувања. Така што ликвидносно оваа година ја затвораме. Од страна на опозицијата, очекувам да продолжат предизвиците со креирање на невистини, со шпекулации, требаше да банкротираме 2024, па не банкротиравме, па 2025. Еве повторно лоша вест за опозицијата, нема ни оваа година да банкротираме.

Платите ќе се зголемуваат во рамките на колективните договори, во рамките на законот и пензиите. Сите обврски ќе се исплаќаат онака како што е предвидено со Буџетот. Реализацијата на капиталните инвестиции, исто така е согласно планот. Знаете опозицијата нѐ убедуваше дека мигранти во април ќе шетаат низ Македонија, еве го јули завршува, немаме мигранти. Повторно на нивна штета, а за доброто на граѓаните и така натаму. Ќе мораме тој фолклор и таа естрада да ја слушаме од опозицијата до следните избори, кога народот повторно ќе ги порази. И ова, конечно естрадно друштво коешто е лидерство во опозицијата, претпоставувам ќе замине од политичката сцена и ќе дојдат луѓе коишто ќе направат една конструктивна структура којашто ќе се грижи за националните интереси. Ќе работи со Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ на градење на национални ставови од опозиција.

Така што очекувам дека годините коишто се добри и кога ќе ги почувствуваме сите овие резултати, допрва доаѓаат. Очекувам конечно да започне изградбата на брзата пруга, Коридор 10. Шест автопати во еден момент ќе се градат, еден го завршуваме. Така што имаме навистина голема реализација на приоритетите и во периодот којшто следи. Лично јас, заедно со ресорните министерства и министри и членови на Влада ги следам овие проекти, така што добрите времиња се пред нас.“

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мицкоски: Продолжуваме да ги реализираме приоритетите коишто…

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија,…

Стармер поднесе оставка, а Бернам е именуван…

Поранешниот британски премиер Кир Стармер оставката му…

ЦУК: До 13 часот регистрирани три пожари…

Центарот за управување со кризи информира дека…

Градоначалникот на Гостивар не чувствувал морална одговорност…

На новинарско прашање околу преземањето на одговорност…

Уапсени 13 лица, одземени дрога и оружје…

Во рамки на активностите на Работниот тим…