Русија ја менува тактиката и врши силен притисок врз Украина
Русија во текот на викендот изврши еден од најголемите напади со балистички ракети од почетокот на војната, а главни цели биле Киев и околината на украинската престолнина, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски.
Тој оцени дека нападот бил подготвуван неколку дена, со претходно акумулирање ракетни резерви, и предупреди дека заканата и натаму е присутна.
„Русија се потпира на балистичките ракети и токму поради нив Владимир Путин и понатаму верува во својата војна. Исклучително е важно нашите партнери да разберат што се случува, бидејќи ракетите за противвоздушна одбрана се неопходни за заштита на човечки животи секој ден“, порача Зеленски.
Тој повика на забрзување на сите процедури поврзани со испораката на оружје и противвоздушни системи во соработка со европските партнери и Соединетите Американски Држави.
Во меѓувреме, анализата на украинскиот портал „Милитарни“, заснована на официјални податоци од украинските воени служби, покажува дека Русија во првите 19 дена од јули употребила две третини од планираното годишно производство на ракетите 3М22 „Циркон“, додека бројот на употребени балистички ракети ја надминал нивната вкупна месечна продукција.
Според аналитичарот Дмитро Шумљански, интензивната употреба на натрупаните резерви може да укажува на намера на Москва да ги исцрпи ограничените капацитети на украинската противракетна одбрана и да предизвика што поголема штета со масовни напади. Истовремено, ваквото темпо постепено ги намалува руските ракетни резерви, кои одбранбената индустрија не може доволно брзо целосно да ги обнови.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Фото) Полициска акција во Куманово: Пронајдени пари,…
Полициски специјалци и истражители утрово спроведуваат претреси…
НОВ БРАН БЕЗБЕДНОСНИ ЗАКАНИ ВО ЕВРОПА: Најмалку…
Нов бран пријави за бомби и сомнителни…
Српскиот динар продолжува да паѓа: Најниска вредност…
Српскиот динар продолжува да ја губи вредноста…
Сиљановска-Давкова се сретна со претставници на македонската…
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, во рамки на работната…
Полициска акција во Куманово, неофицијално се истражува…
Засилено полициско присуство е забележано утрово на…