Невремето предизвика пожари и други интервенции во Струмичко
Невремето што го зафати Струмичкиот регион предизвика повеќе штети, поради што пожарникарите-спасители интервенираа на неколку локации, соопшти Територијалната противпожарна единица Струмица.
Според информациите, екипите интервенирале при пожар во штала во селото Висока Маала, пожар на сува трева во селото Муртино, како и при отстранување на паднато дрво од коловозот во селото Ново Село.
Од ТППЕ Струмица информираат дека сите интервенции биле извршени навремено, со цел да се спречи поголема материјална штета и да се обезбеди безбедноста на граѓаните.
Пожарникарите апелираат граѓаните да бидат внимателни по невремето, да избегнуваат движење во близина на оштетени дрвја, електрични водови и други потенцијално опасни места, а секој забележан пожар или опасност веднаш да ја пријават на броевите 112 или 193.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ВОЛСТРИТ ЏУРНАЛ: NVIDIA СЕ ПОДГОТВУВА ДА ГО…
Управниот одбор на американскиот технолошки гигант NVIDIA…
Мерц подготвен за разговор со Путин? Договорот…
Разговори меѓу германскиот канцелар Фридрих Мерц и…
АЛ-МАДА: САД ПОДГОТВЕНИ ДА ПРИФАТАТ ЧЕТИРИ ОД…
Соединетите Американски Држави наводно се подготвени да…
Охриѓанец исчезнал од семејниот дом, полицијата трага…
На 10.11.2026 година, во 17:00 часот, во…
Иран отвори прв воен камп за обука…
Иран го отвори својот прв воен камп…