Силно невреме корнеше дрвја во Стар Дојран – Оштетени возила, објекти, опрема на плажа
Силно невреме со пороен дожд, силен ветер, грмежи и град синоќа го зафати Стар Дојран, при што беа откорнати десетици повеќегодишни дрвја на повеќе локации во градот.
Паднати јавори, борови, багреми и црници предизвикаа материјална штета, оштетувајќи настрешници, урбана опрема на плажата, неколку возила, како и покрив на еден од дуќаните на градскиот пазар, информираа локалните власти.
Од Доброволното противпожарно друштво „Дојран“ соопштија дека нивните екипи веднаш излегле на терен, каде затекнале паднати големи дрвја во градскиот парк, на игралиштето со справи за вежбање, кај детскиот рингишпил на шеталиштето, во близина на хотелот „Романтик“ и пицеријата „Вавилон“.
Поради паднато дрво на главниот пат, сообраќајот извесен период се одвивал само по една коловозна лента. Во делови од градот неколку часа имало и прекин на електричната енергија од безбедносни причини.
Градоначалникот на Дојран, Илија Тентов, информираше дека невремето поминало без повредени лица, но со значителна материјална штета.
„Силното невреме со обилни врнежи и силен ветер за среќа помина без повредени, само со материјална штета. Екипите на ДППД Дојран, доброволни граѓани и ЕВН веднаш излегоа на терен и започнаа со расчистување на паднатите дрвја и санација на штетите“, соопшти Тентов.
Тој упати апел до граѓаните да пријават непроодни улици, поплавени домови и подруми, за екипите навремено да можат да интервенираат.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ВОЛСТРИТ ЏУРНАЛ: NVIDIA СЕ ПОДГОТВУВА ДА ГО…
Управниот одбор на американскиот технолошки гигант NVIDIA…
Мерц подготвен за разговор со Путин? Договорот…
Разговори меѓу германскиот канцелар Фридрих Мерц и…
АЛ-МАДА: САД ПОДГОТВЕНИ ДА ПРИФАТАТ ЧЕТИРИ ОД…
Соединетите Американски Држави наводно се подготвени да…
Охриѓанец исчезнал од семејниот дом, полицијата трага…
На 10.11.2026 година, во 17:00 часот, во…
Иран отвори прв воен камп за обука…
Иран го отвори својот прв воен камп…