Даниловски со нова анализа: Сознанијата ја зајакнуваат хипотезата дека гостиварската епидемија е поврзана со контаминирана вода, случајот не смее да се сведе на индивидуална вина

t

Македонскиот епидемиолог д-р Драган Даниловски во објава на Фејсбук, сподели продолжение на својата анализа за епидемијата во Гостивар, откако Основното јавно обвинителство отвори истражна постапка против три раководни лица во ЈП „Комуналец“ – Гостивар.

Според соопштението на Обвинителството, постои сомнение дека при тестирање на притисокот во водоводниот систем биле поставени потопни пумпи кои пренесувале вода од отворен канал во системот за вода за пиење, што довело до мешање на површинска и вода за водоснабдување. Во примероците биле утврдени значително зголемени вредности на колиформни бактерии и други микробиолошки показатели.

Даниловски оценува дека овие сознанија обезбедуваат конкретен и биолошки веројатен механизам преку кој загадената вода можела да навлезе во водоводниот систем, со што значително се зајакнува хипотезата за хидрична епидемија.

Сепак, тој нагласува дека истрагата е во тек и дека сè уште не е утврден целосниот причинител на заболувањата. За тоа, според него, неопходни се дополнителни микробиолошки и епидемиолошки анализи, вклучително и испитувања кај заболените, анализи на водоводната мрежа и реконструкција на ширењето на епидемијата.

Епидемиологот прави јасна разлика меѓу епидемиолошката и кривичната постапка. Додека епидемиологијата го утврдува синџирот на настаните и начинот на ширење на заразата, тој посочи дека правната постапка треба да утврди дали постои кривична одговорност и кој евентуално ја сноси.

Воедно, Даниловски предупредува дека случајот не смее да се сведе само на индивидуална вина. Според него, неопходно е да се испитаат и институционалните слабости – процедурите за управување со водоснабдителниот систем, санитарниот надзор, контролата на ризиците, комуникацијата меѓу институциите и навременото информирање на јавноста.

Тој заклучува дека новите факти ја потврдуваат важноста од навремено препознавање на здравствените ризици и од брза реакција на институциите, но и дека по завршувањето на истрагата е потребна независна и сеопфатна анализа за да се спречат слични случаи во иднина.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Даниловски со нова анализа: Сознанијата ја зајакнуваат…

Македонскиот епидемиолог д-р Драган Даниловски во објава…

Исланд одлучува за влез во ЕУ

Исланѓаните на 29 август ќе одлучат дали…

Пијан возач се забил во воена база…

Пијан 52-годишен маж удрил со автомобил во…

Силно невреме корнеше дрвја во Стар Дојран…

Силно невреме со пороен дожд, силен ветер,…

Литванија и Финска ја укинаа забраната за…

Литванија го започна процесот на укинување на…