Нема промена во клиничката слика: Прегледани 198 пациенти во изминатото деноноќие

t

Во Општата болница во Гостивар во изминатото деноноќие биле прегледани вкупно 198 пациенти, а еден пациент поради здравствената состојба бил упатен на лекување на Инфективната клиника во Скопје, информира директорот на Општата болница во Гостивар Емри Бајрами.

Според Бајрами, на Инфективното одделение биле прегледани 111 пациенти, на Одделението за педијатрија 75, а во Ургентниот центар 12 пациенти.

Бајрами изјави дека нема промени во клиничката слика кај пациентите.

– Клиничката слика и понатаму се карактеризира со стомачни проблеми, а поретко со треска и покачена телесна температура – рече Бајрами.

Министерот за здравство Сашо Клековски вчера на прес-конференција соопшти дека од почетокот на епидемиолошката состојба биле евидентирани речиси 3.100 здравствени контакти преку Здравствениот дом, Општата болница, телефонските јавувања и интервенциите на Итната медицинска помош.

Клековски посочи дека првиот преглед бил извршен на 14 јули, додека на 19 јули за првпат било забележано намалување на бројот на приеми, што, според здравствените власти, претставува прв показател за стабилизирање на состојбата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Хутите со ракети ја погодија претседателската палата…

Јеменските Хути истрелаа ракети кон комплексот на…

Иран подготвува нова стратегија за напади врз…

Иран започнал да применува нова стратегија за…

ВМРО-ДПМНЕ: Над 470 милиони денари за нови…

Од ВМРО-ДПМНЕ посочуваат дека во изминатиот период…

Охридското Езеро порибено со сто илјади единки…

Охридското Езеро денеска ќе биде порибено со…

Сиљановска: Македонската Армија покажа дека и мала…

Претседателката и врховна командантка на Вооружените сили,…