Сиљановска Давкова: Посетата на претседателката Друпади Мурму е важен исчекор во проширувањето и зајакнувањето на соработката со Индија
Посетата на претседателката на Индија Друпади Мурму е важен исчекор во проширувањето и зајакнувањето на билатералната соработка, напиша на Фејсбук претседателката Гордана Сиљановска Давкова по средбата со нејзината индиска колешка во Вила Водно.
– Со огромна чест ја пречекав Друпади Мурму, прв претседател на Република Индија, којшто престојува во официјална посета на македонската држава. Разговаравме за македонско-индиските односи, со акцент на можностите за соработка во економијата, образованието, науката, културата, туризмот, здравството и дигиталната трансформација. Заедничкото хумано наследство на Света Мајка Тереза, како и искуството од Движењето на неврзаните, се цврсти темели на новата ера во македонско-индиските односи, вели претсеадтелката Сиљановска Давкова.
Според неа, македонската геостратешка положба, инфраструктурните коридори и лесниот пристап до европскиот пазар, може да бидат од особен интерес за индиските инвеститори.
Соговорничките, исто така, размениле мислења за глобалните состојби, укажувајќи на потребата од почитување на меѓународното право и мирното решавање на споровите.
Друпади Мурму оценила дека нејзината прва посета на државава е историски момент и изрази волја за нова динамика во сестраното партнерство меѓу двата народи.
Според двете претседатели, политичкиот дијалог и меѓуинституционалната соработка се претпоставки за продлабочувањето на севкупните односи.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Познат скопски доктор нападнат во својата ординација,…
Гинекологот Дејан Огненовиќ завршил со скршен вратен…
Кина влегува на средбата со Трамп од…
Средбата меѓу Доналд Трамп и Си Џинпинг…
Г7 со директно барање до Иран: Престанете…
Најразвиените западни економии го зголемуваат дипломатскиот притисок…
Нафтата повторно над 100 долари – пазарот…
Светскиот пазар на нафта повторно е во…
Почина Тонкица Митровска, пионер на македонскиот анимиран…
Друштвото на филмски работници со неизмерна почит…