(Фото+видео) Голема бура во Скопје: Паднати дрвја, откорнати лимени кровови и штети низ цел град
Големо невреме го зафати Скопје, а последиците се откорнати дрвја низ цел град, одлетани кровови и оштетени автомобили.
Невремето однесе и повеќе кровови во Центар, Аеродром и Карпош, како и низ цело Скопје, а без хров остана и Хемиското училиште. Фотографиите кои ги испратија нашите читатели можете да ги погледнете во продолжение.
Според најавите на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), силното невреме беше очекувано во попладневните часови. Поради тоа, Кризниот штаб на Град Скопје одржал состанок, а службите се целосно мобилизирани и присутни на терен за навремена интервенција доколку има потреба.
Доколку невремето се прошири и во другите делови на градот, се препорачува граѓаните да бидат внимателни во сообраќајот и да ги следат информациите од надлежните институции.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
По пет години пауза, од 1 април…
Македонските патници од 1 април 2027 година…
Авион што летал од Германија за Турција…
Авион на турската авиокомпанија „SunExpress“, кој леташе…
Скопјанец снимен како од камион истура градежен…
50-годишен скопјанец е откриен и казнет откако…
Скопјанец измамил познаничка за 25.000 евра —…
Полицијата вчера уапси скопјанец бидејќи ја измамил…
Во Скопје посебен сообраќаен режим поради посета…
Посебен режим на сообраќај ќе има денеска…