Објавено на:

Ѓорѓиевски: Заедно со Кризниот штаб и екипите на јавните претпријатија сме на терен

t

Поради силното невреме што пред малку го зафати Скопје, Кризниот штаб на Град Скопје, заедно со сите надлежни служби и јавни претпријатија, е целосно мобилизиран и подготвен за брза и навремена интервенција, објави градоначалникот на град Скопје, Орце Ѓорѓиевски.

Во постојана координација се со ЦУК, МВР, ЕВН, Противпожарната бригада на Град Скопје и со сите надлежни институции.

Сите расположливи капацитети се ставени во функција, за заштита на граѓаните и спречување поголеми штети и последици. Екипите на Град Скопје ќе останат на терен и во текот на целата ноќ и ќе интервенираат на секоја локација каде што ќе има потреба, нотира Ѓорѓиевски и додаде:

„Сите граѓани на кои им е потребна помош или друга итна состојба, можат да се јават на телефонскиот број:
+389 78 207 687

Апелирам до сите граѓани да бидат внимателни и смирени, да ги следат препораките на надлежните институции и да соработуваат со службите на терен“.

Службите се мобилизирани. Екипите се на терен. Граѓаните не се сами.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Од 1.670 евра до над 2.150 евра…

Пазарот на недвижности во Европа продолжува да…

Водата во Скопје е безбедна за пиење

Водата во Скопје е квалитетна и безбедна…

Вечерва ќе се спроведе 13-тата дезинсекција против…

Вечерва на подрачјето на градот Скопје, ќе…

Водата во Скопје е исправна за пиење,…

Водата во Скопје е безбедна и ги…

Секторот за компјутерски криминал повика 13 лица…

Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста…