Невремето ја оштети и дистрибутивната мрежа, 90% од дефектите се санирани

t

Вчерашното невреме кое зафати повеќе градови во државата сериозно ја погоди и електродистрибутивната инфраструктура, како на среден така и на низок напон. Поради оштетувања и неколку стотици паднати столбови, без напон останаа 2.308 трафостаници на Електродистрибуција.

Засилени екипи на компанијата работеа без престан во исклучително тешки услови и успеаја да санираат дури 90% од дефектите. Во моментов, на територија на цела држава, без напојување се сè уште 300 трафостаници, бидејќи паднатата вегетација на многу места целосно го блокира пристапот и дополнително ја отежнува работата. Сепак, на терен интензивно се интервенира и нема да се запре се до целосно нормализирање на состојбата.

Најмногу погодени беа делови од Скопје, Куманово, Кочани и други населени места низ Македонија.

Изразуваме благодарност до корисниците за покажаното трпение и разбирање во овие вонредни околности. Санацијата на секој поединечен дефект е резултат на максималниот ангажман на нашите теренски екипи. Компанијата ги стави на располагање сите свои капацитети и ресурси, кои остануваат мобилизирани се до целосно нормализирање на снабдувањето за секој корисник.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Невремето ја оштети и дистрибутивната мрежа, 90%…

Вчерашното невреме кое зафати повеќе градови во…

Автосервис во Штип крадел струја: Штетата е…

Во сервис за возила на улица „Железничка“…