Мицкоски: Македонија е меѓу првите што ги спроведуваат реформите за ЕУ, останува да се донесе Изборниот законик

t

Премиерот Христијан Мицкоски денеска остварил онлајн-средба со директорот на Директоратот за соседство и проширување при Европската комисија, Герт Јан Копман, на која се разговарало за реформските закони и обврските што државата треба да ги исполни до декември годинава во рамки на евроинтеграцискиот процес.

Одговарајќи на новинарски прашања, Мицкоски истакна дека Владата продолжува со исполнување на реформската агенда и дека најголемиот дел од законските решенија се веќе реализирани.

„Од законите што беа во таканаречен грејс-период остана само Изборниот законик. Сè друго е завршено, а од законите што се во редовна процедура, најголемиот дел се веќе усвоени. Денеска преку онлајн-врска разговаравме со господинот Копман за реформските чекори што треба да се реализираат до декември. Продолжуваме со несмалена динамика да ги испорачуваме обврските“, изјави Мицкоски.

Тој додаде дека од претставниците на Европската комисија добиле позитивни оценки за досегашниот напредок.

„Добивме, условно кажано, комплимент дека сме првата земја што активно почнала да работи на овие чекори, додека останатите сè уште немаат таква динамика“, рече премиерот.

Во врска со Изборниот законик, Мицкоски повтори дека Владата е подготвена да го поддржи секое решение околу кое ќе се усогласи опозицијата, вклучително и прашањето за учеството на дијаспората.

„Тоа веќе не зависи од нас. Побаравме опозициските партии да седнат, да се договорат за текстот на Изборниот законик, да ја вклучат дијаспората и да дојдат со заеднички предлог. Ние безрезервно ќе го поддржиме она што ќе го договорат меѓу себе“, нагласи Мицкоски.

Тој упати повик до лидерите на СДСМ, Левица и ДУИ да покажат политичка зрелост и одговорност, оценувајќи дека е неопходно да постигнат договор за новиот Изборен законик.

„Апелирам до претседателите на СДСМ, Левица и ДУИ да не го блокираат процесот, туку да се договорат за текст што сметаат дека е прифатлив. Владата ќе го прифати нивниот договор и веднаш ќе даде поддршка“, изјави премиерот.

Мицкоски овие изјави ги даде при посетата на реконструираното Одделение за трауматологија на Универзитетската клиника за хируршки болести „Св. Наум Охридски“ во Скопје.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мицкоски: Македонија е меѓу првите што ги…

Премиерот Христијан Мицкоски денеска остварил онлајн-средба со…

Рокас: Покажавте капацитет за спроведување на реформите

Амбасадорот на Европската Унија во земјава, Михалис…

Сиљановска-Давкова: Клучниот датум за проширувањето на ЕУ…

Клучен датум за иднината на процесот на…

Европратениците бараат побрза примена на планот за…

Европскиот комесар за одбрана и вселена, Андриус…

ЕУ бара САД да ослободат од царина…

Европската унија побара од Соединетите Американски Држави…