Објавено на:

Вработени во „Национални шуми“ овозможиле незаконска сеча на дрва во вредност од 9.000 евра

t

Раководител и тројца вработени во ЈП „Национални шуми“ се осомничени дека ѝ помогнале на фирма од струшкото село Велешта незаконски да пренесе огревно дрво вредно над 9.000 евра.

„ОВР Струга поднесе кривична пријава против В.Р.(56), З.П.(61), А.А.(61) и Т.Д.(49), сите од Вевчани, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела ‘злоупотреба на службена положба и овластување’ и ‘несовесно работење на службата’. Првопријавениот В.Р., во својство на раководител на Подрачно шумско стопанство Јабланица – Струга, спротивно на своите законски овластувања и без овластување на директорот на ЈП ‘Национални Шуми’, склучил договор за позајмица со правно лице од струшкото село Велешта и со неизвршување на службена должност и вршење должен надзор не спречил и не санкционирал незаконско работење на останатите вработени во претпријатието“, соопшти МВР.

Според полицијата, двајца од вработените во ЈП „Национални шуми“, ја прикриле сечата на 127,32 кубни метри буково огревно дрво на тој начин што не доставувале примероци од испратниците до сметководството.

Четвртиот пријавен, се додава во соопштението, во една испратница внесувал два вида договори и двајца купувачи, спротивно на своите службени должности.

Со тоа, пријавените ѝовозможиле на фирмата бесправно да пренесе до својот склад незаконски исечено дрво, а на претпријатието му била нанесена штета од 9.266 евра.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Вработени во „Национални шуми“ овозможиле незаконска сеча…

Раководител и тројца вработени во ЈП „Национални…

(Видео) Силно невреме во Хрватска: Затворени училишта,…

Силни ветрови дуваа цела ноќ во Загреб,…

(Видео) Претреси во штипско, лишени од слобода…

На 08.08.2024 во 07 часот во с.Селце,…

Силниот ветер искрши гранки од дрвја во…

Силниот ветер искрши гранки од дрвјата во…