Хоџа по невремето: Стоиме зад земјоделците и внимателно ќе ги следиме последиците од невремето
Заменик-министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Албрим Хоџа, синоќа го посети Скопскиот регион за одблиску да види дел од штетите предизвикани од невремето кое зафати повеќе подрачја.
За време на посетата на терен, тој се запозна со актуелната состојба и првичните последици врз земјоделските површини, при што истакна дека институциите ќе продолжат внимателно да ја следат состојбата и да бидат во постојана комуникација со земјоделците и надлежните институции.
„Секоја штета во земјоделското производство претставува директен удар врз семејствата кои живеат од земјоделството. Во вакви моменти најважно е да бидеме со земјоделците, да ги слушнеме нивните потреби и да постапуваме одговорно“, истакна Хоџа.
Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство апелира земјоделците редовно да ги следат официјалните известувања на Управата за хидрометеоролошки работи, а особено специјализираната веб-платформа „Агрометео“, која обезбедува временски и агрометеоролошки прогнози, предупредувања и информации значајни за планирањето на земјоделските активности.
Навремените и точни информации им овозможуваат на земјоделците навремено да преземат превентивни мерки и да ги намалат последиците од неповолните временски услови.
Министерството останува посветено на поддршката на земјоделците и ќе продолжи да обезбедува институционална поддршка во справувањето со последиците од природните непогоди.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Хоџа по невремето: Стоиме зад земјоделците и…
Заменик-министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Албрим…
Минчев: Започнува практичната примена на мерит-системот во…
Професионалната јавна администрација не се гради само…
Пронајдени јајца од цревен паразит кај гостиварец…
Поранешниот кандидат за градоначалник на Гостивар од…
Уапсен е македонски државјанин во Србија кој…
Возачот на брзата помош (роден 1985 година),…
Епидемијата во Гостивар има смирувачки тренд, од…
Продолжува да се намалува бројот на пациенти…