Министерот за правда на средба со Рокас: Нова динамика во реформите со ЕУ како стратешки партнер
Министерот за правда Јетон Шасивари и заменик на министерот за правда Ален Деребан се сретнаа со амбасадорот и шеф на Делегацијата на Европската Унија во Република Северна Македонија, Михалис Рокас, на која беше разговарано за тековните реформски процеси во правосудството и напредокот на државата во евроинтегративниот процес.
Министерот Шасивари ја истакна посветеноста на Министерството за правда кон спроведувањето на реформите во согласност со препораките на Европската комисија, со посебен акцент на владеењето на правото и исполнувањето на обврските од Реформската агенда и Кластерот „Фундаментални вредности“.
На средбата беше разговарано и за имплементацијата на Развојната секторска стратегија за правосудство 2024–2028, како и за активностите што се реализираат со поддршка на Европската Унија преку ИПА-проектите за зајакнување на правосудниот систем и неговата дигитализација.
Изразена е благодарност за континуираната поддршка од Европската Унија во спроведувањето на реформите која има значајна улога во зајакнувањето на институциите, унапредувањето на владеењето на правото и забрзувањето на европската интеграција на Република Северна Македонија. Во таа насока, беше истакната и потребата од експертска помош од Европската Унија во реформите на кривичното законодавство
На средбата беше потврдена заедничката заложба за продолжување на партнерската соработка и интензивирање на реформските процеси во правосудството во насока на унапредување на неговата функционална независноство согласност со европските стандарди и реформските приоритети на државата.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Радев ја тестира цела Европа: По ветото…
Бугарија и Унгарија ставија заедничко вето на…
Мерц: Ги поддржувам украинските напади врз руските…
Германскиот канцелар Фридрих Мерц денеска ја поддржа…
ФФМ: Поведена дисциплинска постапка против Башкими, Муарем…
Дисциплинската комисија при Фудбалската федерација на Македонија…
Нова жртва од западнонилска треска, бројот на…
Уште едно лице почина од западнонилска треска.…
Таткото на Ива со навреди кон Македонците…
Осудениот криминалец, Симеон Михаилов, татко на избеганата…