Цистерна со вода поставена во болницата во Гостивар – Обезбедена и флаширана вода за пациентите
За обезбедување на хигиенските потреби на пациентите и вработените во Општата болница „Д-р Ферид Мурад“ во Гостивар, поставена е цистерна со вода во кругот на здравствената установа.
Од управата на болницата информираат дека цистерната е обезбедена преку соработка со ЈКП „Тетово“ и ќе биде на располагање во наредниот период.
„Цистерната ќе биде во функција на пациентите и болничкиот персонал за хигиенско-техничките потреби, со цел да се обезбедат што подобри услови за непречено функционирање на болницата“, наведуваат од болничката управа.
Директорот на болницата Емри Бајрами вчера информираше дека за сите одделенија е обезбедена флаширана вода за пиење, наменета за пациентите, со што им е овозможен пристап до безбедна вода.
По проблемите со загадувањето на водата од градскиот водовод, болницата се соочи со значително зголемен број прегледи и наплив на пациенти. Од управата посочуваат дека медицинскиот персонал е целосно ангажиран за надминување на состојбата, како и дека продолжува координацијата со надлежните институции за непречено обезбедување здравствени услуги и навремена грижа за пациентите.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Цистерна со вода поставена во болницата во Гостивар –…
За обезбедување на хигиенските потреби на пациентите и вработените во Општата…
Зелен Хуман Град: Епидемијата во Гостивар е…
Зелен Хуман Град го смета за свесен…
Европа и понатаму под удар на екстремни…
Голем дел од Европа продолжува да се…
Во Либерија запленет кокаин вреден повеќе од…
Огромна количина кокаин е запленета за време…
Индија гледа кон Македонија – најавена соработка…
Македонија и Индија отвораат ново поглавје во…