Во Франција регистрирани 5.764 смртни случаи повеќе од очекуваните за време на јунскиот топлотен бран
Француската агенција за јавно здравје денес објави дека за време на топлотниот бран од 17 јуни до 2 јули се регистрирани 5.764 смртни случаи повеќе од очекуваните.
Според податоците на агенцијата, вкупно 5.764 смртни случаи повеќе се регистрирани во 92-те департмани погодени од топлотниот бран, што претставува 36 проценти повисока стапка на смртност од очекуваната за тој период, објавува телевизијата BFM.
Повеќе од половина од тоа зголемување е регистрирано на 25, 26 и 27 јуни, додека 24 и 25 јуни беа најжешките денови некогаш регистрирани во Франција.
Агенцијата наведува дека ефектите од топлината ги погодиле сите возрасни групи од 15 години и постари, нагласувајќи дека ова бил период кога училишните и работните активности сè уште биле во полн ек.
Француската агенција за јавно здравје нагласува дека ова е прелиминарна проценка и дека конечните податоци ќе бидат потврдени со подетална анализа по завршувањето на летниот период на следење, која треба да биде објавена на есен.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Мицкоски за скандалот во „Македониумот“: Ќе побарам…
Претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан…
Ѓорѓиевски: Завршена постапката за набавка на автобусите,…
Завршена е постапката за набавка на новите…
244 сведоци предложени од одбраната во случајот…
Судскиот процес за трагичниот пожар во кочанската…
ЕКО-АКТИВИСТИ ИЛИ АНАРХИСТИ?! Борците против рудници во…
Не запираат двосмислените пораки кои ги испраќаат…
Во Скопје изречени казни од над 80.000…
Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски денеска…