Две лица загинаа, а три се повредени во силното невреме во Албанија
Две лица загинаа, а три се повредени во силното невреме проследено со обилни врнежи и урагански ветер што во текот на изминатата ноќ го зафати јужниот дел на Албанија. Невремето предизвика сериозни штети на електроенергетската мрежа, патната инфраструктура и приватен имот, а без електрична енергија останаа повеќе населени места.
Една од жртвите е електромонтерот на државната електродистрибутивна компанија (OSSH), Башким Бочи, кој загинал за време на интервенција во Химара. Според албанските медиуми, несреќата се случила околу 3 часот по полноќ во областа Потами, кога при санирање на дефект на електричната мрежа му се скинал безбедносниот појас, по што паднал од електричен столб и починал на местото.
Втората жртва е рибарот Михал Зои од Ксамил, кого невремето го затекнало на разбрануваното море. Неговиот чамец се превртел поради силниот ветер и високите бранови, а неговото безживотно тело било пронајдено утрово по интензивна потрага.
Во туристичкиот град Саранда, силниот ветер откорнал десетици дрвја, кои паднале врз паркирани автомобили и предизвикале значителна материјална штета. Најмалку три лица побарале лекарска помош откако биле повредени од искршени стакла и гранки.
Последиците од невремето се почувствувале и во Либражд, каде што повеќе населени места останале без електрична енергија. Прекинот во снабдувањето со струја предизвикал проблеми и со водоснабдувањето, особено во градот Патос, каде дел од жителите останале и без вода за пиење.
Надлежните служби се на терен и работат на отстранување на последиците од невремето, додека властите ги повикаа граѓаните да бидат внимателни и да избегнуваат движење во подрачјата каде што сè уште постои опасност од нови одрони, паднати дрвја и оштетена електрична инфраструктура.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Крај на една ера: Последните американски војници…
По повеќе од две децении американско воено…
Бил Гејтс со драматично предупредување: Вештачката интелигенција…
Коосновачот на Microsoft, Бил Гејтс, излезе со…
ЕУ бара од земјите членки да ја…
Европската комисија ги повика земјите членки на…
Папата Лав XIV остро против евтаназијата: Она…
Папата Лав XIV денеска ја осуди евтаназијата…
Фон дер Лајен најави помош од речиси…
Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер…