Расправата за одлуката на УНЕСКО за Охрид е префрлена за утре, 23 јули

t

Расправањето за статусот на природното и културното наследство на Охридскиот Регион е префрлено за утре, 23 јули, покажува најновиот официјален индикативен распоред на Комитетот за светско наследство на УНЕСКО.

Точката за Охридскиот Регион, заведена како 48 COM 7B.62, е ставена во попладневната сесија на Комитетот, која во Бусан е предвидена од 15 до 18 часот. Тоа одговара на периодот од 8 до 11 часот по македонско време.

УНЕСКО предупредува дека распоредот е индикативен и зависи од траењето на расправите за претходните точки, поради што не може однапред да се утврди прецизниот час кога ќе започне разгледувањето на Охрид.

Комитетот треба да одлучува дали прекуграничниот Охридски Регион, кој го делат Македонија и Албанија, ќе биде впишан на Листата на светско наследство во опасност. Конечна одлука сè уште не е донесена.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Расправата за одлуката на УНЕСКО за Охрид…

Расправањето за статусот на природното и културното…

ФИФА го објави најдобриот состав на Светското…

По завршувањето на Светското првенство, ФИФА го…

Две лица загинаа, а три се повредени…

Две лица загинаа, а три се повредени…

Герасимовски: Ќе се врши проценка на штетите…

Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, учествуваше…

Клековски: Доктори кои не се епидемиолози и…

Министерот за здравство Сашо Клековски апелираше граѓаните…