Средба Лавров – Рубио на маргините на Самитот на АСЕАН во Манила
На маргините на Самитот на АСЕАН во Манила се одржа средба на рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, и американскиот државен секретар, Марко Рубио.
Средбата одржана по претходно утврден распоред траела нешто повеќе од половина час, а според најавите, разговорите биле посветени на прашањата поврзани со решавањето на конфликтот во Украина.
Рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, претходно изјави дека Москва смета оти Вашингтон засега не се откажал од предлозите изнесени на средбата меѓу претседателите Владимир Путин и Доналд Трамп во Алјаска.
Според дипломатски извор цитиран од руски медиуми, иницијатор на средбата меѓу Лавров и Рубио била американската страна.
Во рамки на Самитот на Асоцијацијата на земјите од Југоисточна Азија (АСЕАН) во Манила, Рубио претходно се сретна и со кинескиот министер за надворешни работи Ванг Ји.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Апел за помош: Да му помогнеме на…
Почитувани читатели на Инфомакс, Ве замолуваме доколку…
Лавров ја објави главната закана која доаѓа…
Главната закана доаѓа од силите на Запад…
Апел за помош: Да му помогнеме на…
Почитувани читатели на Инфомакс, Марко е на…
Рубио: Трамп нема да учествува во бескрајните…
Американскиот претседател Доналд Трамп нема да биде…
Да му помогнеме на Марко: 15.000 евра…
Почитувани читатели на Инфомакс, ве замолуваме доколку…