Објавено на:

Лавров до Рубио: Неприфатливо е САД да продолжат со испораките на оружје за Украина

t

Рускиот шеф на дипломатијата Сергеј Лавров го предупреди својот американски колега Марко Рубио на средбата во филипинскиот главен град Манила за „неприфатливото продолжување на испраќањето оружје за Украина“, соопшти руското Министерство за надворешни работи во четвртокот.

Оваа прва средба меѓу двајцата дипломати од септември 2025 година се одржа на маргините на состанокот на Сојузот на народите од Југоисточна Азија (АСЕАН) на Филипините, а доаѓа во време кога американските посреднички напори во мировните преговори меѓу Киев и Москва се во застој откако крајот на февруари започна војната на Блискиот Исток.

Лавров во разговорот со американскиот колега за прашањето за Украина „нагласи дека е неприфатливо да се продолжи со испраќањето оружје за киевскиот режим“, се истакнува во соопштението на руското министерство. Рускиот шеф на дипломатијата исто така ја критикуваше „дестабилизирачката политика на европските земји кои продолжуваат да се обидуваат да ѝ нанесат ‘стратешки пораз’ на Русија“, според истото соопштение.

Лавров повтори дека „руската страна е подготвена за политичко и дипломатско решение на судирот“.

За време на состанокот, кој траеше повеќе од половина час, беше договорено продолжување на контактите меѓу двете министерства за надворешни работи, вклучувајќи ја и соработката во рамките на меѓународните организации. Според наводите на дипломатски извор, иницијатор на средбата била американската страна, пренесуваат руските медиуми.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Апел за помош: Да му помогнеме на…

Почитувани читатели на Инфомакс, Ве замолуваме доколку…

Лавров ја објави главната закана која доаѓа…

Главната закана доаѓа од силите на Запад…

Апел за помош: Да му помогнеме на…

Почитувани читатели на Инфомакс, Марко е на…

Рубио: Трамп нема да учествува во бескрајните…

Американскиот претседател Доналд Трамп нема да биде…

Да му помогнеме на Марко: 15.000 евра…

Почитувани читатели на Инфомакс, ве замолуваме доколку…