Засадени 60 нови дрвја во Градскиот парк откако невремето направи пустош
60 нови садници се засадени во Градскиот парк откако невремето проследено со оркански ветер направи пустош во зелената градска оаза.



-Паднаа голем број дрвја, а беше оштетена и урбаната опрема. Но, ние не дозволуваме последиците да останат слика на нашиот град! По вчерашната голема акција за расчистување, уште денес започнавме со засадување на 60 нови садници јавор и јасен. Тие ќе донесат повеќе сенка, почист воздух и нов живот во зелената структура на паркот, објави градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски.


Посочи дека ова е само почеток и дека Градскиот парк ќе биде оплеменет со уште повеќе дрвја, зеленило и нови содржини.
– На местото на секое паднато дрво ќе никне нова надеж, а паркот повторно ќе биде уште позелен, поубав и подостоен за скопјани. Паралелно, нашите екипи продолжуваат со санирање на штетите низ целиот град, Невремето може да собори дрвја, но не може да ја собори нашата волја, Скопје да е посилно и позелено од порано, вели скопскиот градоначалник.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Од 1.670 евра до над 2.150 евра…
Пазарот на недвижности во Европа продолжува да…
Водата во Скопје е безбедна за пиење
Водата во Скопје е квалитетна и безбедна…
Вечерва ќе се спроведе 13-тата дезинсекција против…
Вечерва на подрачјето на градот Скопје, ќе…
Водата во Скопје е исправна за пиење,…
Водата во Скопје е безбедна и ги…
Секторот за компјутерски криминал повика 13 лица…
Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста…