Мицкоски: Владата ќе ги обештети граѓаните кои претрпеа штета од невремето во Скопје
Претседателот на Владата Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање дали граѓаните ќе добијат обештетување од невремето во Скопје, истакна дека Владата ќе ги обештети граѓаните кои имаат штета од невремето во Скопје.
– Што се однесува до обештетувањето на граѓаните кои претрпеа штета од невремето кое што се случи, само можам да кажам дека општините и институциите под општините формираат комисии. граѓаните кои имаат штета треба да ја пријават таа штета во комисиите. Тие ќе направат проценка и потоа во Комитетот за проценка на штети ќе ги достават до Владата, а ние согласно закон и пракса ќе интервенираме и ќе ги обештетиме оние граѓани кои што ќе пријават штета. Апелирам до граѓаните оние кои имаат штета да пријават, да излезе Комисија да ја констатира и да добиеме ние како Влада спецификација на тие штети, за да можеме да ги обештетиме, рече Мицкоски.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
По пет години пауза, од 1 април…
Македонските патници од 1 април 2027 година…
Авион што летал од Германија за Турција…
Авион на турската авиокомпанија „SunExpress“, кој леташе…
Скопјанец снимен како од камион истура градежен…
50-годишен скопјанец е откриен и казнет откако…
Скопјанец измамил познаничка за 25.000 евра —…
Полицијата вчера уапси скопјанец бидејќи ја измамил…
Во Скопје посебен сообраќаен режим поради посета…
Посебен режим на сообраќај ќе има денеска…