Мицкоски најави ново намалување на ДДВ за горивата

t

Премиерот Христијан Мицкоски најави дека Владата подготвува нов пакет мерки поради континуираниот раст на цените на горивата, а меѓу опциите е и повторно намалување на ДДВ.

Тој изјави дека веќе е направена интервенција со намалување на дел од акцизите за бензинот и дизелот, но дека цените на светските берзи продолжуваат да растат, при што нафтата повторно се приближува до границата од 100 долари за барел. Според него, ескалацијата на воените случувања во Заливот дополнително го зголемува притисокот врз енергетскиот пазар.

-Како Влада внимателно ја следиме состојбата и ќе интервенираме со дополнителни мерки. Ги анализираме сите можности – дали тие ќе бидат таргетирани или ќе важат за сите, како што беше претходно. Со прогласената кризна состојба до октомври ги имаме сите правни механизми за навремена реакција- изјави Мицкоски.

Одговарајќи на прашање дали повторно е можно намалување на ДДВ за горивата, премиерот потврди дека тоа е една од опциите, иако, како што рече, е најнеповолна од аспект на буџетските приходи.

-Намалувањето на ДДВ директно влијае врз приходите во Буџетот, но за нас најважен е животниот стандард на граѓаните. Кога е потребно, Владата ќе преземе мерки за да им помогне- порача Мицкоски.

Изјавите беа дадени при пуштањето во употреба на реконструираниот базен во Кавадарци.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мицкоски најави ново намалување на ДДВ за…

Премиерот Христијан Мицкоски најави дека Владата подготвува…

Поскапуваат бензините, поевтинува дизелот од полноќ

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и…

Дизелот поевтинува за 6,5 денари, бензинот поскапува…

Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) донесе нова…

Владата денеска на вонредна седница ќе го…

Владата денеска ќе одржи вонредна онлајн седница…

Левица: Економскиот раст на Мицкоски е статистичка…

Фалбите од собраниска говорница, на Христијан Мицкоски…