Трамп ќе се обрати на вечерата на Здружението на дописници од Белата куќа, три месеци по пукањето поради кое настанот беше одложен
Американскиот претседател Доналд Трамп вечерва ќе одржи говор на вечерата на Здружението на дописници од Белата куќа, речиси три месеци откако настанот беше одложен поради вооружен инцидент во хотелот „Хилтон“ во Вашингтон.
Свеченоста, на која требаше да присуствуваат новинари, политичари и претставници на американската администрација, беше откажана на 25 април, откако маж се обиде насилно да помине низ безбедносен контролен пункт и отвори оган со ловечка пушка пред балската сала, каде што Трамп и членовите на неговата администрација веќе ги заземаа своите места.
Осомничениот Кол Ален во мај се изјасни за невин по обвиненијата, меѓу кои и за обид за убиство на претседателот.
Настанот сега ќе се одржи во хотелот „Волдорф Асторија“, под засилени безбедносни мерки.
Директорот на Тајната служба на САД, Шон Куран, во средата изјави дека специјален тим веќе спроведува сеопфатен безбедносен план во хотелот.
– Очекуваме да се појават луѓе со лоши намери. Тоа е реалноста во која живееме, но ќе постапуваме како и при секоја друга локација што ја посетува претседателот – рече Куран.
Според Трамп, вооружениот инцидент во април ја покажал потребата од изградба на нова балска сала во Белата куќа, вредна околу 400 милиони долари, бидејќи одржувањето вакви настани во претседателската резиденција би овозможило повисоко ниво на безбедност.
Инцидентот во април се случи при првото учество на Трамп на вечерата на дописниците по неговото враќање на функцијата во вториот претседателски мандат.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Трамп ќе се обрати на вечерата на…
Американскиот претседател Доналд Трамп вечерва ќе одржи…
Дилала амфетамин низ Битола: Полицијата уапси 37-годишна…
СВР Битола поднесе кривична пријава против Ј.Б.С.(37)…
Бела пена се влева по Лепенец во…
Необична пенлива супстанца го покри вливот на…
ЕУ прелиминарно утврди дека ТикТок ги крши…
Европската комисија денеска соопшти дека прелиминарно утврдила…
Уапсен 26-годишник за силување дете, живеел во…
Полицијата од Радовиш до Основното јавно обвинителство…