Падна снег на Пелистер среде лето

t

Денеска на планината Баба, на врвот Пелистер (2.601 м.н.в) падна снег, информираа од ЈУ национален парк „Пелистер“.

Од јавната установа потврдија дека промнеливото време и ниската температура, дождот го претворија во снег, со што како што велат Пелистер како крал на планините во Македонија и понатаму е непредвидлив и моќен.

Фотографијата е на вработените од пунктот на Националната радиодифузија на врв Пелистер, посочија од ЈУ НП „Пелистер“-Битола.

Инаку во Битола вчера во 17 часот беа измерени 26 степени целзиусови степени, а денеска во истото време, во 17 часот измерени се само 12 степени и температурата на воздухот е во опаѓање.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

НА ЕВРОПА Ѝ СЕ БРЗА ДА ОТВОРА…

Европската комисија планира да објави нов повик…

Кривична пријава за екс директор и вработени…

Од МВР информираат дека поднеле кривична пријава…

Мицкоски: Целта на случајот со Ива Михајлова…

Премиерот Христијан Мицкоски верува дека зад случајот…

Рама: Ова не е студентски протест, градот…

Премиерот на Албанија, Еди Рама, реагираше пред…

Разочарување за евроскептиците: Ле Пен не сака…

Неколку објави на социјалните мрежи тврдат дека…